• Latest

Кривична пријава за Елизабета Канческа-Милевска

December 28, 2017
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава за Елизабета Канческа-Милевска

December 28, 2017 12:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција на Република Македонија поднесе кривични пријави против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против Ѓ.Т., државен советник за финансиски прашања и раководител на сектор за финансии во Министерството за култура.

Осомничени се за кривично дело „Несовесно работење во службата“ и причинување штета на Буџетот во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра.

Како што е наведено во соопштението од Управата, во периодот од јули 2009 до февруари 2017 тројцата осомничени со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што спротивно на член 581 став 2 од Законот за трговски друштва, кој децидно наведува странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на Република Македонија се додека не организираат подружници, примиле времени ситуации – фактури од странскиот правен субјект Светлост Театар ДОО Белград, кој не е регистриран даночен обврзник во Република Македонија.

Во нив незаконски бил вкалкулиран дополнителен износ претставен како ДДВ од 18 проценти, при што министерот и заменик-министерот потпишале шеесет и четири решенија за преведување средства, а раководителот на сектор за финансиски прашања потпишала налози за исплата на парични средства на штета на Буџетот на Република Македонија, со кои извршиле плаќање во странство врз основа на 11 договори за извршување услуги, стоки и работи.

„Притоа, спротивно на член 14 став 2 од законот на ДДВ, извршиле потивзаконска исплата на ДДВ надвор од границите на Република Македонија, иако извршените услуги, стоки и работи од страна на Светлост Театар ДОО Белград се спроведени на територијата на Р. Македонија, на кој начин со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при што на износот од 18.163.131,03 евра или 1.117.032.556 денари причиниле штета на буџетот на Република Македонија во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра“, соопшти Управата за финансиска полиција.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Елизабета Канческа Милевскакривична пријаваМинистерство за култураУправа за финансиска полиција
Share85TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ