Иранците кои живеат во Германија одржаа митинзи за поддршка на протестите против режимот во нивната матична земја. Протестите се одржаа на 29 декември пред иранската амбасада во Берлин. Слични протести се одржаа во Келн и Хамбург.
Голем број демонстранти излегоа на улиците во градовите Мешхад, Нејшабур, Кашмар и Бирџанд во североисточниот Иран на 28 декември. Тие протестираа против невработеноста, сиромаштијата и високите цени. Демонстрантите, исто така, пееја: “Смрт на Руани” и “Смрт на диктаторот”, мислејќи на Врховниот лидер Али Камнеи.
М. Л.