• Latest

Се очекува одлука за екстрадиција на поранешните началници

January 5, 2018
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се очекува одлука за екстрадиција на поранешните началници

January 5, 2018 07:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По четири рочишта, од кои две одложени, а во кои беа сослушани двајца сведоци, Горан Грујевски и Никола Бошковски денеска ќе ја слушнат одлуката на Советот на судии во Солун, во однос на македонското барање за нивна екстрадиција. Одлуката е веќе донесена и откако сега конечно ќе се најде преведувач од грчки на македонски јазик, таа треба да им се соопшти на поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање.

Грчкиот суд најверојатно донел одлука двајцата да бидат екстрадирани во Македонија, со оглед на тоа дека на 20 декември по сослушувањето на сите сведоци, ваков предлог произлегол од обвинителот до поротата.

Последното рочиште се одржа на 22 декември и беше закажано за да се соопшти одлуката на Советот на судии. Со мали прекини, судењето траеше повеќе од два часа, бидејќи се правеа обиди да се најде преведувач. Превод од грчки на бугарски не беше прифатен од одбраната, па поради неможноста да се најде преведувач на македонски, рочиштето беше закажано за две седмици подоцна.

Според еден од адвокатите на Грујевски и Бошковски, судот ги почитувал европските договори за човекови права, правото на обвинетиот и правото на оној по кој е распишана потерница,  да добие превод на неговиот мајчин јазик, и го прифатил барањето на адвокатите рочиштето да биде прекинато и закажано за 5 јануари.

– Имаме конкретни сомнежи во однос на тоа дека нема да имаат фер судење, директно се во опасност нивните животи. Обвинението е целосно нејасно. Еден друг наш аргумент е дека се веќе помилувани и се надеваме дека нема да бидат екстрадирани, рече адвокатот Костас Хаѕијоану за грчките медиуми, на 22 декември, пренесува МИА.

На претходните две рочишта, одржани на 13 и 20 декември, беа сослушани адвокатот на обвинетите Петар Василев и професорот Александар Даштевски.

Одбраната на Грујевски и Бошковски, тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија. Според грчката новинска агенција, јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата поранешни началници во УБК, рекле дека не сакаат да бидат екстрадирани бидејќи „се плашат за нивните животи“, „дека нема да добијат фер судење“, и дека ги негираат обвиненијата за кои што се товарат, карактеризирајќи ги како нивен „политички прогон“.

Сослушувањата, по барање на адвокатот од Грција, беа зад затворени врати, поради заштита на лицата за кои се бара екстрадиција.

– Нивната заштита е поважна од публицитетот,  рекол, според грчката новинска агенција АНА-МПА адвокатот Костас Хаѕијоану на првото рочиште за екстрадицијата на 13 декември. Ова негово барање тогаш го поткрепил со тврдењето дека Грујевски и Бошковски во нивната земја се изложени на ризик од закани и прогон.

Во случај Советот на судии денеска да соопшти дека Горан Грујевски и Никола Бошковски треба да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: БошковскиГрујевскигрчки судекстрадицијаСЈОСолунТаргетТврдина
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ