• Latest

Нема повреда на Законот за основно образование со бадникарските поворки

January 11, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема повреда на Законот за основно образование со бадникарските поворки

January 11, 2018 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со учеството на учениците во бадникарските поворки во саботата не е прекршен Законот за основно образование, бидејќи децата во таа верска манифестација не биле организирани во училиштата што е казниво со законот.

Инспектори од Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) завчера и вчера извршиле надзор и досега добиле записници од 162 градски училишта од повеќето градови низ Македонија, меѓу кои и од 34 основни училишта во Скопје.

Директорот на ДПИ, Томе Спировски за МИА изјави дека од официјалните записници што инспекторите ги добиле по разговорите со училишните раководства во дводневниот инспекциски надзор, заклучено е дека во ниту едно училише нема повреда на Законот за основно образование, зашто не е констатирано подготовка и план за  верската прослава.

„Важно за нас е и тоа што немаме ниту една претставка или поплака од родител дека детето му било злоупотребено. Со оглед дека децата се на зимски распуст, најверојатно, според сознанијата добиени од записниците, учеството во поворките за Бадник биле организирани преку социјалните мрежи“, изјави Спировски.

Нагласи дека надлежноста на ДПИ е да проверува дали законот се прекршува во училиштата, но не може, како што рече, да ги спречи децата да бидат на улица, каде што се граѓани исто како и нивните родители и наставници.

Откако Детската амбасада „Меѓаши“ реагираше поради учеството на групи деца во бадинакарските поворки, Министерството за образование и наука на 8 јануари му наложи на ДПИ да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање.

Спировски додава дека и без тоа Инспекторатот по службена должност го контролира можното прекшување на законите и злоупотреба на децата во верски или политички цели.

Вели дека се работи за сериозен прекршок кој се казнува со 1.600 евра за училиштето, 30 отсто од определената глоба е за директорот и од 200 до 400 евра е износот на казната за наставникот.


извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: Државниот просветен иснпекторатКоледеМеѓашиучилишта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ