Во овие денови на жалост, продолжуваме со објавување содржини за Мирослав Стојановиќ – Шуки. Секој што сака да сподели мисла, чувство, анегдота, видео или фотографија со нас, семејството и со јавноста, може тоа да го стори денеска или во наредните денови.
Од утре, понеделник, 15 јануари, секој работен ден, од 12 до 14 часот, книгата на жалост повторно ќе биде достапна во седиштето на ЦИВИЛ. Книгата на жалост ќе биде отворена до денот на комеморацијата, за чиј датум дополнително ќе известиме.
Од утре, веб страницата ЦИВИЛ Медиа продолжува и со вообичаената продукциска динамика. За информации за погребната церемонија, кликнете тука.
М. Л.