Погребната церемонија за Мирослав Стојановиќ – Шуки ќе се одржи во вторник, 16 јануари 2018, во неговиот роден град, Ниш. Церемонијата ќе започне во 11 часот со собир во капелата на Ново гробље во Ниш, додека опелото ќе се одржи во 12:30 часот. Погребот ќе биде во 13 часот. Потоа, семејството организира ручек, со почеток во 14 часот во ресторан во непосредна близина на гробиштата. Домот на семејството Стојановиќ е на адреса ул: Васе Чарапиќа бр. 70, први прилаз, каде што присутните можат да појдат и да изразат сочувство по завршувањето на погребната церемонија.
Сите што сакаат да присуствуваат на погребната церемонија можат да се пријават во ЦИВИЛ најдоцна до понеделник, 12 часот на телефон 075 / 389 697 или во инбокс на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ. Тие што ќе патуваат со сопствени возила ги замолуваме да пријават број на слободни места во своите возила на телефонот даден погоре и во инбокс на нашиот Фејсбук профил. ЦИВИЛ и семејството ќе обезбедат места во комбе за оние што не можат да обезбедат автомобилски превоз. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 7:30 часот наутро.
Комеморација за големиот уметник и активист Мирослав Стојановиќ – Шуки ќе се одржи во текот на наредните 40 дена. За точниот датум на комеморацијата ќе објавиме информација дополнително.