• Latest

ВМРО-ДПМНЕ: На Чавков срцето му функционира со 50 отсто од капацитетот

January 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: На Чавков срцето му функционира со 50 отсто од капацитетот

January 26, 2018 14:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правосудните органи вон закон и правна логика држат во притвор патриоти кои не сториле ниедно кривично дело, а обвинети се за тероризам. Меѓу притворените се наоѓаат и болни луѓе. Тие се мета на прогон затоа што мислат поразлично од Зоран Заев, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Митко Чавков има здравствени проблеми и неговата состојба се влошила во истражниот затвор. Неговото срце функционира со 50 отсто од капацитетот. Митко Чавков целиот свој работен век го посвети на државата и нејзината безбедност. Истиот тој Чавков сега е мета на неправдата и политиката, само затоа што негова политичка опција не е СДСМ“, истакнуваат од ДПМНЕ.

Во партијата владее загриженост дека правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта.

„Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици. Судството без реално правно образложение одобри притвори на луѓе за кои нема правна аргументација да бидат во притвор. Апсурдот е уште поголем, па сите тие се наоѓаат во притвор заради монтиран случај. Судот има можност да ја прекине двомесечната голгота на овие искрени патриоти и нивните семејства и да ги укине притворите кои се целосно неосновани“, се додава во соопштението.

Од партијата наведуваат дека лицата ставени во притвор со месеци се предмет на изживување и нехуман однос и дека во постапката против нив намерно се разблекуваат истражните дејствија, од што се гледа дека целиот случај е монтиран, а притворот се користи како казна за политички спротивните ставови.

„Монтираната постапка на сите нивоа, од повеќе институции покажа сериозни недостатоци. Кршени се правата на осомничените, факт кој го нотираше и Народниот правобранител, а правосудните органи го премолчеа. Судот не смее и понатаму да биде дел од овој политички прогон. Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судиите треба да одлучуваат по закон и Устав. Државата има потреба од институции кои ќе работат независно, само така државата ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО. Се друго е само залажување на јавноста и спроведување тивок терор, типичен за комунистичките режими на минатиот век“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Д.Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕМитко Чавковпатриотипритворсопштение
Share230Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result