• Latest

СЈО ги демантира пишувањата за наводен обид за атентат врз Фетаи

February 11, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО ги демантира пишувањата за наводен обид за атентат врз Фетаи

February 11, 2018 14:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. Информираме дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи“, стои во соопштението на СЈО.

Реакцијата од обвинителството доаѓа по пишувањата на неколку портали дека во средата имало обид за атентат над обвинителката Фатиме Фетаи во Боговиње.

МВР претходно извести за пукотници во с. Боговиње. Во билтенот на МВР стои дека на 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник а потоа удрил во полициското возило како и во други паркирани возила. При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила – “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот. Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

М.И. 

 

Tags: атентатБилтенБоговињедемантМВРпукотнициСЈОФатиме Фетаи
Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ