• Latest

Дојче Веле: Европа ќе биде „цела и слободна“ само со Балканот

February 16, 2018

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дојче Веле: Европа ќе биде „цела и слободна“ само со Балканот

February 16, 2018 13:01
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Намалениот ангажман на САД не Балканот не значи дека Вашингтон го губи интересот за регионот, оценува Дојче Веле.

Според радиото, во Вашингтон внимателно се анализира стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан, бидејќи Брисел и Белата куќа имаат ист интерес во регионот.

Советникот на Германскиот маршалов фонд, Џонатан Кац во изјава за Дојче веле оценува дека единствен начин за успешна транзиција на Балканот ќе биде можна само доколку Европа и САД работат заеднички на тоа поле.

Според него, САД и ЕУ единствено заеднички можат да се спротистават на „руската пропаганда“ и мешањето на Москва во европските работи, но и на се поголемото економско присуство на Русија, пред се во енергетскиот сектор, на Западниот Балкан.

Сара Беденбоу од Атлантскиот совет, пак, смета дека е потребно да се направи видлив чекор напред на Западниот Балкан во услови кога кај некои од балканските држави се чувствува замор и се повидливо е зголемувањето на евроскептицизмот.

– Пристапниот процес кон ЕУ во основа е технички и бирократски, па затоа би било многу поефикасно доколку поттик во неговиот напредок се направи со целосна поддршка од САД, смета Беденбоу, која е една од авторите на „новата американска стратегија“ за Балканот, што ја изработи Атлантскиот совет.

Таа оценува дека една од честите забелешки што се слушаат како поплаки од регионот е недостигот на јасна перспектива во врска со временските рамки, па тоа го отежнува опстојувањето на земјите на курсот на реформите и политичките напори во пристапниот процес. – Затоа е важно да имаме акциски план со утврдени рокови, додава Беденбоу.

Според аналитичарите, клучен момент во следните месеци ќе биде Самитот на земјите од Западен Балкан во Бугарија, што ќе биде прва средба на која ќе учествуваат сите членки на ЕУ по состанокот на Солун во 2003 година.

Според Кац, европските претставници јасно истакнуваат дека не сакаат само американски ангажман, туку и лидерство на САД на Балканот. Тој додава дека позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Русија „создава конфузија“, што може да испрати погрешен сигнал за земјите кои се под влијание на „руската агресија“.

Дојче Веле оценува дека напорите за изградба на „цела и слободна“ Европа, како што во 1989 година во Мајнц тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот ја претстави својата визија за иднината на континентот, може да бидат успорени поради постоење на еден „Гордиев јазол“.

Тој „Гордиев јазол“ денес се лоцира во Босна и Херцеговина. По објавувањето на европската стратегија во Западен Балкан, претставникот на ЕУ во Сараево, Ларс Гунар Вигемарк оцени дека БиХ во еден период повеќе не ќе може да напредува кон Еврпската унија, доколку Дејтонскиот устав на земјата не се усогласи со европските стандарди, наведува германскиот јавен сервис.

Аналитичарите се согласни дека не постои волшебно стапче за промена на одредбите од Дејтонскиот договор, бидејќи е многу тешко да се дојде до внатрешен, но и меѓународен консензус по ова прашање.

– Тие кои беа најмногу инволвирани во создавњето на Дејтон би требало да изнајдат адекватна формула за реформите. Очигледно е дека состојбата во БиХ и натаму е полна со предизвици, но ниту една земја не смее да биде оставена настрана од процесот на приклучување кон ЕУ, смета Кац.

Според него, колку Црна Гора и Србија да се лидери во приближувањето кон ЕУ, напредокот на регионот нема да биде целосен без БиХ а потоа и без Косово.

– САД треба да покажат поголеми политички и дипломатски напори за да се решат тешките предизвици што го спречуваат напредувањето и ја вличат БиХ наназад, заклучува Кац.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: БалканБиХДејтонски договорДојче ВелеЕвропаЕвропска УнијаЕУКосово. САДЛарс Гунар Вигемарк
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ