• Latest
Добро утро со Орданоски

Малото шишенце отров „Ивона Талевска“

February 20, 2018

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Малото шишенце отров „Ивона Талевска“

February 20, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]ропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талевска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија, веднаш до теглите со етикета „Вечер“ и „Република“, над пластичните буриња на кои пишува „ТВ Сител“, „ТВ Алфа“, „Курир“… Ако подобро загледате, ќе забележите дека на подот на визбата има една влажна дамка, како некој неодамна да тргнал некое друго буре, па само останала одлепената и на половина скината етикета со „…анал 5“.

Шишенцето „Ивона Талевска“ малку ќе одмори и ќе собере сила до следната употреба. Течноста, пак, на неколкуте буриња под неа сè уште редовно се преточува во подрумот на крчмата, за да се сочува употребливоста на таа отровна емулзија, на тој концентрат со ултра-висока морална и политичка токсичност од кој и само неколку супени лажици помешани во менталниот „водовод“ на македонската популација се доволни за да се отруе половина население.

Немојте да се залажувате: допрва ќе жалиме што одвратната содржина на сите овие буриња, тегли и шишенца не ја истуривме во канализација додека сè уште можевме. Таа грешка тие гангстери нема да ни ја простат, во првата згодна прилика кога ќе им дојде време за нивна одмазда.

Черчил се залагал да нема судења во Нирнберг. Неговиот предлог: сите преживеани клучни луѓе на нацистичкиот режим просто да се прогласат за злосторници, да се постројат пред ѕид и да се стрелаат. Рузвелт на почетокот инклинирал кон такво решение, но подоцна се согласил со Сталин – кој половина од своите револуционерни соборци веќе ги имаше ликвидирано низ наместените политички судења во советска Русија уште пред Втората светска војна – кој инсистирал на судски процеси. За да не се помисли и да не остане забележано во историјата дека победниците се плашеле да им судат на поразените.

Епилогот од десетмесечниот Нирнбершки судски процес е познат: 11 обвинети нацисти се осудени на смрт со бесење, седуммина добија долги затворски казни, а тројца беа ослободени од обвинувањата. Сепак, никој од нив не призна вина, туку повеќе им беше жал што ја загубиле војната. Херман Геринг само констатираше дека во Нирнберг се спроведува „правдата на победниците“.

Ууууупсс! Полека, полека: ова не е обид кловновите од Курир или Сител да се изедначат со нацистичките воени злосторници во Нирнберг; а Ивона Талевска може само да се надева дека ја глумела Лили Марлен на дворот на Фамилијата.

Поентата е во нешто друго…

Нирнбершкиот судски процес симболично претставуваше почеток на денацификацијата на Германија, тој голем општествено-политички и морален превоспитувачки проект во кој, поедноставено кажано, на Германија ѝ се забрани да лаже за својата историја. Во оценката на последиците од овој проект не може да се претера: Германија е денеска една од најразвиените и најмирољубиви демократии во светот.

Тука доаѓаме до нашата – признавам, по малку гротескна – паралела: условната пресуда за даночните затајувања на Ивона Талевска, како и текот на многу други политички развои во земјава по промената на власта, во голем дел од јавноста се доживува како пропуштање на можноста за остварување на големата потреба од еден „мал“ Нирнбершки процес во Македонија, процес во кој материјалното и морално-политичкото зло на Фамилијата и нивните лакеи во различни сегменти на таа власт ќе бидат разобличени, раскринкани и осудени на праведни казни (во што не спаѓаат условните). Истата таа јавност сака на ВМРО-ДПМНЕ, конечно, да ѝ се затвори муцката и да ѝ се забрани да продолжи одвратно да лаже, за нацијата да може да почне да ја рехабилитира нормалноста во својот секојдневен живот!

Тоа не се случува. Малото шишенце отров „Ивона Талевска“ само ќе ги врати парите (овие, за кои е фатена) што ги украла со неплаќањето данок и ќе замине некаде за да се одмори пред следната „рунда“ пропагандистичко ширење гној и омраза кон оние што, кога пак ќе дојде време за тоа, ќе бидат посочени како мети.

Сепак, вреди човек да се замисли каква ќе беше судбината на светот ако се послушаше ставот на Черчил пред 73 години во Нирнберг?

Tags: затајување данокИвона ТалевскаНирнбергсудењеЧерчил
Share570TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ