• Latest

Тевдовски: Да се искористат сите можности пред да се зголеми прагот за пензионирање

February 20, 2018
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Да се искористат сите можности пред да се зголеми прагот за пензионирање

February 20, 2018 07:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека не треба да се посегне кон зголемување на прагот за пензионирање се додека не се искористат сите други можности.

„Како човек кој доаѓа од социјалдемократска Влада сметам дека треба да се почитува тоа што кај нас има огромен број на луѓе кои имаат тешки работни места и апсолутно за изнаоѓање на решение не би требало да посегнуваме кон зголемување на овој праг се додека не се искористат другите можности“, истакна Тевдовски во вечерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Во однос на најавите за раст на персоналниот данок, Тевдовски најави дека до крајот на април ќе почнат јавните дебати за оваа реформа. Нагласи дека прогресивното одданочување на персоналниот данок на доход е воведено во најголем дел од држави од ЕУ каде, како што посочи, има многу посериозни стапки од оние кои ќе бидат воведени во Македонија.

Министерот посочи дека финансиската состојба во државата е стабилна и оти од аспект на Буџетот навремено ќе бидат исплатувани сите обврски. Нагласи дека еврообврзницата е издадена со најниска каматна стапка која е пониска од стапката на очекуваниот раст на економијата, а во однос на внатрешното задолжување рече дека за годинава е предвидено нето задолжување од 88 милиони евра што е за 100 милиони евра пониско од претходната година.

За новиот закон за јавни набавки рече дека тој е изготвен по барање и на бизнис заедницата и на институциите бидејќи сегашниот закон е повеќепати менуван, а за фискалниот совет којшто ќе биде формиран истакна дека тој ќе има советодавна улога и оти ќе биде сериозна алатка во делот на следењето на фискалната политика.

Тевдовски е задоволен од досегашната транспаретност на Министерството и најави дека до крајот на годината ќе бидат објавувани и детали за плаќањата од трезорот на веб страницата на Министерството за финансии.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: пензијапензиски фондстраросна границаТевдовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ