• Latest

Зголемување на старосната граница и покачување на придонесите за „заздравување“ на фондот

February 23, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зголемување на старосната граница и покачување на придонесите за „заздравување“ на фондот

February 23, 2018 07:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска информира дека ангажирале експерти на Светска банка и оти се прави комплетна анализа на структурата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

Заев во попладневниот дел на седницата за пратенички прашања  појасни дека се прават анализи со сите податоци до кои може да се добијат одговори на важни прашања. Дел од прашањата се: кој се зема зема пензија, дали секој зема пензија според закон, до кога ќе важат субвенцииите за одредени лица, како се пресметуваат придонесите и дали има злоупотреба,  каква е структуратата за полнење на Фондот…Посочи дека кога анализите ќе бидат готови резултатите ќе ги соопштат пред Парламентот.

Тој напомена „логиката во минатите години покажа дека бројката на невработеноста од 37 отсто беше намалена прво на 23, па на 22 отсто….

– Тоа логично треба да значи дека Фондот се полни, а всушност тој создава се поголем дефицит, се поголема е дупката во Фондот. Годините за пензинирање пораснаа опциски, на 67 години за мажи и 65 години за жени, иако еднаквоста сите ги става пред Уставот како еднакви категории. Тоа само по себе треба да носи плус полнење на Фондот, но дупката сепак се зголемува. Во минатиот период се укинати основите за пензинирање по основ на стаж со 40 годин и стаж и сето тоа требаше да придонесе кон полнење на Фондот, но тој постојано се празни, рече Заев.

Заев потенцира дека дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  државата го покрива секоја година од буџетот и оваа година е околу 500 милини евра. Нагласи дека ако државата тоа не го прави, тие пари ќе одат во водоводи, канализации, патишта, градинки, училишта, болници… Заев посочи дека плаќаат стари фактури и за проектот „Скопје 2014“.

– Најголем резулат на ваквата состојба се чист и гол популизам и ништо повеќе. Спремен сум да дебатирам за тоа со секој и ова не е добро и апсолутно не е татковински, ни патриотски. За да се фалите заради избори, а притоа окото да не ви трепне како со годините расте буџетскиот дефицит и се зголемува дупката во Фондот. Апсолутно тоа кажува се. Тие генерации во последните години требало да водат грижа барем за својата пензија, но веројатно било послатко да се манипулира и да се лаже, добивајќи избори, лажејќи го својот народ. Некој на крајот ќе дојде и треба да најде начин, рече Заев.

Премиерот посочи дека веројатно ќе треба да се повлечат непоплурани мерки, но по заздравување на економијата во Македонија, која како што рече сепак заздравува. Првата мерка е покревање на годините за пензија, а втората е покачување на придонесите за вработување. Нагласи дека сето тоа треба да биде проследено со сериозен пакет на економски мерки.

– И опозицијата треба да биде овде и да испраќаме сериозни пораки за стабилна држава и сериозно да се поставиме и кон соседството и насекаде ако сакаме да создадеме амбиент кој Македонија може да го создаде, рече Заев.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 500 милиони еврадолгдупкаЗаевмеркиПИОМфонд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ