• Latest

Муратов: Некој мора да заврши зад решетки за девојчето од „25 Мај“

February 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Муратов: Некој мора да заврши зад решетки за девојчето од „25 Мај“

February 26, 2018 16:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На доделувањето на наградите за граѓанско новинарство, Дехран Муратов,  новинар, активист и член на тимот на ЦИВИЛ, ја подигна првата награда за сторијата „Таткото на злоставуваната штитеничка: Ако остане во дом повторно ќе забремени“.

„Оваа награда не е на Дехран, туку на оние храбри луѓе што решија да проговорат, а го видоа ЦИВИЛ како можност да проговорат за сите оние табу теми, за кои никој не збореше, досега сите молчеле… ја имавме честа за ексклузивно интервју со таткото на девојчето што му беше одземено затоа што бил сиромав и питачел“, изјави Муратов.

Тој додаде дека институциите потфрлиле и дека некој мора да сноси одговорност за сексуалното злоставување и експлоатација на малолетното девојче.

„Институциите му го одзеле родителското право затоа што питачел со девојчето, за да институциите го преземат и однесат да биде искористено за сексуални услуги. Ако мора да вагаме дали е подобро да питачи или да биде злоупотребена за сексуали услуги, јас ќе речам нека питачи. Родителот добил три години затвор за питачење, а тие што требаа да го заштитат девојчето креваат раменици… Се надевам дека виновниците навистина ќе бидат зад решетки и дека некој ќе одговара“, додаде Муратов.

Одлуката за првата награда токму за оваа сторија, тричлената комисија ја донесе со цел разоткривањето на овој монструозен чин во кој длабоко се инволвирани институциите, да биде поттик за разобличување на сите останати што останале прикриени и конечно да се спроведат систематски реформи во институции што се надлежни за згрижување на деца и бездомници.

Биљана Јордановска

Монтажа: Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанско новинарствоДехран Муратовнаграда
Share170Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result