• Latest

Советот на Центар утре ќе гласа за продолжување на мораториумот за 31 ДУП

March 5, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот на Центар утре ќе гласа за продолжување на мораториумот за 31 ДУП

March 5, 2018 13:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на општина Центар утре ќе одлучува и гласа за одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план. Одлуката ја предлага градоначалникот Саша Богдановиќ.

Општина Центар информира дека со оваа одлука мораториумот се продолжува за уште два месеца бидејќи, како што стои во образложението,  зададениот период е краток за да се направи анализа на деталните урбанистички планови и да се овозможи законитост во постапувањето, правна сигурност на жителите на општина Центар, а особено поради неопходната потреба за усогласување на планската документација со законските обврски и фактичката состојба.

Со одлуката се запираат постапките за издавање одобренија за подготвителни работи и постапките за издавање одобренија за градење. Сите започнати постапки пред донесување на одлуката за мораториум продолжуваат.

– ДУП-овите кои се донесени главно во времето кога со општината раководеше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, и дел од нив се носеа во ноќните часови,  не се целосно изработени според законските обврски и правила и се појавуваат недостатоци во урбанистичко-планската документација, која  не е во согласност со Генералниот урбанистички план. Дел од ДУП-овите се стари и планскиот период за кои се донесени е изминат, се вели во соопштението од општина Центар.

Општина Центар информира дека при изготвување на новите ДУП-ови ќе постапува по следниве принципи-рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучување на јавноста во постапката за донесување  на планската документација.

Одлуката за мораториум стапи во сила на 28 декември 2017 година.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДУП 31мораториумопштина центарпредлог
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result