• Latest

Оставки во ДКСК, а лапанажата, кога?

March 6, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Оставки во ДКСК, а лапанажата, кога?

March 6, 2018 15:07
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор Тантуровски поднел оставка поради семејни и здравствени причини, јавуваат медиумите. ЦИВИЛ Медиа го постави прашањето: „Оставка, кога?“, и (некако) како во случајот со ДИК, оставката си дојде за помалку од 24 часа.

Пишува: Биљана Јордановска

Во ред, излегоа информации дека постои можност за таков чекор од Тантуровски, иако само пред два дена упорно тврдеше дека нема да поднесе оставка, затоа што нема причини, не чувствува одговорност и ништо не погрешил.

Но, дефинитивно никој не очекуваше дека Тантуровски неотповикливо ќе поднесе оставка од здравствени причини. Сега, се поставува прашањето дали му се качил притисокот или во прашање е душевна болка од политичкиот притисок, затоа што за јавното мислење, никој не е засегнат. Нормално, сè до моментот кога ќе се алармира власта, која и тоа како е засегната, пред сè, од негативниот ефект на јавното мислење.

Во медиумите излегоа и информации дека се очекуваат оставки од уште двајца членови на ДКСК. Прашање е кои од оние што останаа: Софка Пејовска Дојчиновска, Државен секретар од 18. септември 2016, Розета Трајан, Државен секретар од 19 септември 2016, Даниела Трајчевска, раководител на одделение за финансиски прашања или Сатула Сулимани, советник.

И членовите на ДИК не чувствуваа одговорност, но „сложно“ си поднесоа оставка. Комисијата за прашања за избори и именувања „сложно“, под точка разно, позитивно им одговори на барањата на членовите на ДИК за апанажа.

Несомнено се наметнува прашањето дали одлуката преку ноќ за оставки е добро пресметана, во законски рамки, за да не се замине со празни раце или е во надеж дека законот ќе ги заштити и нивната „невиност“ по основ на обвинувања за злоупотреба ќе излезе на виделина и ќе ја оправдаат апанажата.

Овој пат, Комисијата за прашања за избори и именувања, предводена од Илија Димовски, треба добро да размисли како ќе одлучува и дали повторно ќе го игнорира членот 23 според кој лицата од став 1 на овој член го немаат правото од член 19 на Законот за плата и другите надоместоци, односно тоа право им престанува ако се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.

Некој ќе помисли, па нели јасно им беа нагласени очекувањата на јавноста на новите парламентарци и нели јасно им се стави на знаење дека за вакви скандалозни одлуки нема да се молчи? Дали се слепи и глуви, користејќи ги законите, со дупки во секој член, ќе го белат образот, свој и на такви како во ДИК и други, со секоја одлука?

И ако во случајот со ДИК, самите членови со своите оставки ја спасија Владата и Собранието од  кроење  прифатливи говори за јавноста, во случајот со ДКСК, како да беа спремни дека коруптивните елементи на Антикорупциска ќе излезат на виделина. Но, не значи дека сега власта и пратениците треба да ги наградат членовите на ДКСК за послушноста и оставките – со убава лапанажа.

За да не се случи тоа, Основното јавно обвинителство би требало како приоритетна да ја спроведе истрагата за злоупотреба на службена должност и јавните пари од членовите на ДКСК. Се разбира, се очекува и наодите од Специјалното јавно обвинителство да се земат предвид пред да се седне и одлучува за „наградување“ на ДКСК по примерот на ДИК.

Затоа што, оставки и морална одговорност не се доволни во борбата против корупцијата. Особено кога се работи за корумпирана институција, а се нарекува Антикорупциска.

Tags: апанажаДКСКИгор Тантуровскиоставка
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ