• Latest

ЦИВИЛ со работилница за меѓусекторска соработка во Скопје

March 12, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ со работилница за меѓусекторска соработка во Скопје

March 12, 2018 09:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска продолжува со активностите за промоција на Граѓанската повелба како дел од пилот проектот „Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“.

Работилницата „Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ ќе се одржи во ГЕМ (над клуб Менада, Стара Чаршија), Скопје, со почеток во 14 часот. Работилницата е посветена на можностите за меѓусекторска соработка и партнерства меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии во сферата на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Оваа работилница е подготовка за конференцијата посветена на Граѓанската повелба, предвидена за 28 март. Активностите поврзани со Граѓанската повелба веќе ги поддржаа градоначалникот Максим Димитриевски, како и советот на општината, неколку медиуми и граѓански организации од Куманово. Се очекува учество на нивни претставници на работилницата.

 

Граѓанската повелба ќе биде промовирана и преку информативен штанд кај платото на ЈИЕ и анкета со граѓанките и граѓаните.

„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.

ЦИВИЛ го преведе овој документ на повеќето јазици кои се говорат во Република Македонија и ги достави до сите меѓународни организации кои ја предводат оваа глобална иницијатива. Дел од овие повеќејазични материјали на ЦИВИЛ се веќе објавени на повеќе веб страници низ светот.

Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Tags: Граѓанска повелбаинфо штандработилницаЦивил
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ