Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница, како што е објавено на веб страницата на Советот, треба избира претседател на Апелацискиот суд Скопје и на Основниот суд Дебар. Претходно, Советот треба да ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на овие два суда.
Членовите на Судскиот совет на затворен дел од седницата ќе го разгледуваат извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од деловникот во судовите доставен од Министерството за правда.
На седницата ќе бидат разгледани и пет барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.