• Latest

Косовските пратеници ќе гласаат за демаркацијата на границата со Црна Гора

March 21, 2018
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косовските пратеници ќе гласаат за демаркацијата на границата со Црна Гора

March 21, 2018 09:15
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот парламент по речиси деветчасовна дебата,гласањето за  договорот за демаркација на границата со Црна Гора го остави за денеска во 11 часот.

Дека нема да се гласа беше јасно час пред полноќ кога дел од пратениците,почнаа да ја напуштаат собраниската сала,што беше потврда дека владејачкото мнозинство го нема потребнот број гласови.

Претходно,дека нема да се гласа,можеше да се насети и од изјавата на премиерот Рамуш Харадинај,кој излагувајќи на кус одмор од собранската сала,на новинарите им рече дека  пратеникот од Демократскиот сојуз на Косово,Рамиз Келменди, кој не прсуствуваше на седница, поради здравствени прични „во Парламентот ќе се врати утре“ .

Премиерот Харадинај при крај на седницата поворно ги повика делегатите да гласаат за договорт за демаркација на границата,за да земјата не биде и понатаму блокирана.

– Јас денес сум тука,утре не,но искористете го она што му остана на Косово за да ја заврши својата работа. Доколку сакате ќе останеме вака блокирани,изолирани на едно место.Единствена молба која ја упатувам до вас е да не го обезвреднувате извештајот на државната комисија,да не кажувате нешта предвреме.Не заборавете дека многу точки во договорот можеби има потреба да се корегираат, рече Харадинај,апелирајќи до пратениците да го гласаат договорот.

Во првото обраќање пред пратениците тој гарантираше дека ратификацијата на овој закон не ја загрозува територијата на Косово и оти тоа е во интерес на иднината на косовските граѓани.

Тој, исто така, рече дека гласањето за наведениот закон „е глас за иднината и слободата на движење”.

– Ве уверувам дека ратификацијата на овој закон не е закана за територијата на Косово, одлуката е во вашите раце, вашиот  глас денес е за иднината на граѓаните, порача Харадинај.

На седниците, не присуствуваа пратениците од „Српска листа“ и единствено коорднаторот на оваа пратеничка група не се обрати.

Коорднаторите на пратеничките групи на партиите од владејачкото мнознство, Демократскиот сојуз,Демократската партија,Алијансата за иднината на Косово,Иницијативата за Косово и пратеничката група од немнознските заедници се изјаснија дека ќе гласаат за демаркацијата.

Пратенците од Движењето „Самоопредлеување“ и отцепеното крило на движењето кои сега делуваат како независна група(вкупно 31 пратеник) повикаа да не се гласа повторувајќи дека со договорот Косово губи 8.200 хектари од својата територија. Потоа следуваше маратонската дебата во која учествуваа партениците кои имаа можност да зборуваат по десет минути.

Вчерашната седница, беше четврти обид за еден месец да се гласа демаркацијата,но беше прва седница на која се разви дебата за тоа прашање.


извор: МИА

Tags: гласањеграницидемаркцијаКосовопарламентЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ