• Latest

Забрчанец: Владата ќе биде партнер на граѓанските иницијативи!

March 30, 2018
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Забрчанец: Владата ќе биде партнер на граѓанските иницијативи!

March 30, 2018 12:52
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Пријатно е да се биде со граѓанските активисти, со претставниците на граѓанското општество. Во свое лично име и во име на Владата, ја поддржувам Граѓанската повелба за граѓанско учество во обликување на општеството, и недвосмислено застануваме како институција и како Влада, во одбрана и во поддршка на концептот на граѓанско учество“, истакна Марјан Забрчанец, советник на премиерот на Република Македонија, на конференцијата на ЦИВИЛ, „Граѓанската повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“.

Тој потенцираше дека уште додека оваа политичката структура која е на власт, беше во опозиција, постоеше активна борба за обезбедување на учество на граѓаните во креирањето на политиките и во носењето на одлуки, додавајќи дека е особено важно да се знае дека едно од клучните очекувања на граѓаните, а со тоа и еден од клучните приоритети на Владата е – да се направат институциите да бидат сервис на граѓаните.

„Заедно со економскиот раст, со концептот – Едно општество, со евроатланските интеграции, со реформите во институции, би рекол петтиот, не помалку важен приоритет на Владата е да овозможи институции коишто се во функција на граѓаните или сервис на граѓаните. За да се обезбедат тие реформи, неопходно е да се чуе мислењето на граѓаните. Би рекол дека тоа е првата одредница, за да може да се земат предвид мислењата на граѓаните, Владата мора да обезбеди канали за да ги слушне граѓаните. Оттука, пред сè, Секторот за односи со јавност на Владата, но и премиерот, како носител на тој концепт, и останатите институции и министерства, се втурнаа во реализација на програмата или концептот – Отворена влада. Тој концепт има три сегменти. Прво, обезбедување на демократски медиумски амбиент во Република Македонија. Второ, обезбедување на активна или прогресивна транспарентност. Трето, Владата да биде пристапна до сите коишто и пристапуваат“, рече Забрчанец.

Тој потсети дека во однос на обезбедувањето на демократски медиумски амбиент, е укинато Владиното рекламирање, со цел да се оневозможи, оваа, или било која следна влада, повторно да ги впрегнува медиумите во пропагандни цели, во ширење лаги и манипулации против граѓаните.

„Со тоа, не само што се овозможува демократски медиумски амбиент, туку се заштедија и многу средства. За споредба, во 2015 година, за ПР, за пропаганда, односи со јавност, маркетинг и ПР-агенции биле потрошени 5,5 милиони евра, пари на граѓаните. Денес, ако земеме проектиран период од јуни 2017 до јуни 2018, сумата којашто Владата ја користи за комуникација со граѓаните е десет пати помала од претходно наведената“, истакна Забрчанец.

„Во делот на активна транспарентност, ќе потсетам дека редовно се објавуваат записниците од седниците на Владата. Комуникацискиот сервис на Владата редовно одговара на сите прашања на медиумите. Воведени се редовни неделни прес-конференции и брифинзи по секоја владина седница, како обврска на потпаролот и на секторот за односи со јавност, секоја среда…“, рече Забрчанец.

„Се објавија сите лични службени трошоци на министри, заменици министри и државни секретари, и тоа е првата фаза. Сакам да најавам дека листата на функционери, носители на јавни функции коишто ќе ги објавуваат своите трошоци ќе се шири. Значи, и други ешалони од власта ќе мора да ја преземат оваа обврска. И најавувам дека Владата овој концепт на активна транспарентност, како и алатката за отчетност, ќе ја понуди и на локалните самоуправи и на другите нивоа на власт во оваа држава. Таму немаме јурисдикција да наметнеме, или да донесеме одлука, меѓутоа, како концепт на активна транспарентност, како методологија, ќе го понудиме и на другите нивоа на власт. Во делот на пристапност, знаете дека Владата деквалифицираше многу од информациите кои претходно беа квалифицирани, за да им се овозможи на сите заинтересирани граѓани, тинк-тенкови, организации и заедници, да имаат полесен пристап до информациите. Во делот на пристапност влегува токму и ова за што денеска разговараме, воспоставување на институционални канали за системска соработка на Владата, институциите со граѓанските организации или со претставници на граѓаните“, потенцираше Забрчанец.

Во делот на пристапноста и на соработката со граѓаните, а за да се овозможи граѓанско учество, тој најави дека е во финална фаза формирањето на Советот за соработка со граѓански организации во којшто ќе членуваат 16 претставници на граѓанското општество и 14 претставници на институциите.

„За потсетување, претходно имаше процес на меѓусебно гласање. Значи, претставниците на граѓанските организации беа избрани самостојно од редот на организациите. Тие меѓусебно си спроведоа систем на гласање. Се очекува на една од следните седници на Владата и официјално, овој Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество да биде формиран. Во процес сме на креирање на адресар на граѓански организации. Веќе имаме испратено барање од Владата до Централниот регистар, да ни ги достави информациите за сите регистрирани граѓански организации, за да можеме да подготвиме адресар по тематски области и тој адресар да го ставиме на располагање на сите институции. И секогаш кога има потреба од консултација или спроведување на било каква расправа, да можат да ги достават информациите до соодветните граѓански организации. Најавуваме дека некаде од крајот на април, ќе започнеме со редовни тематски отворени денови. Најверојатно, тоа ќе биде секој последен петок во месецот. Тоа ќе биде стандардизирана тематска активност во којашто ќе се спроведуваат консултации на Владата со граѓанското општество на разни теми. Досега вакви консултации се спроведени на повеќе теми“, истакна Забрчанец.

Тој додаде дека агендата за транспарентност, агендата за отворена Влада, ја креирале во консултации со граѓанското општество. „Беа спроведени консултации со граѓански организации коишто се залагаат за транспарентност, активни во борбата со корупцијата, и со медиумските организации. Паралелно течеа консултации со сите младински организации во врска со владината седница којашто се спроведе минатата недела, посветена на младински прашања, каде што на иницијативи на младинските организации Владата донесе конкретни заклучоци“, рече Забрчанец.

„Конечно, во тек е процес отворање на јавна расправа во врска со потребите од измена на Законот за здруженија на граѓани и фондации, иницијатива којашто потекна од повеќе граѓански организации, пред се здружени околу блупринт иницијативата. Но, потребата, односно аргументите за потреба од измена на овој закон, имаше и во други анализи, како меѓународни, така и домашни. Ќе се отвори и таа јавна расправа, веќе е мобилизирано и Министерството за правда, за да се види пред се, потребата и во кои сегменти е неопходно зајакнување и унапредување на содржината, за да биде во функција на обезбедување на една овозможувачка околина за граѓанско учество и можност за граѓаните и граѓанските организации да учествуваат во моделирањето на општеството, како што пишува во самата Повелба“, додаде тој.

„Сакам да ги охрабрам сите граѓански организации да пристапуваат кон Владата. Ние можеби нема да бидеме во можност секогаш кон сите навреме да пристапиме, меѓутоа сме отворени да учествуваме и на вакви настани и да бидеме партнер на секоја граѓанска иницијатива која што доаѓа кон нас“, истакна Забрчанец.

Маја Ивановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаГраѓанска повелбаграѓански иницијативиМаријан Забрчанецсоработка
Share102Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ