• Latest

Анѓушев-Почивалшек: Македонија и Словенија имаат голем потенцијал за економска соработка

April 4, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анѓушев-Почивалшек: Македонија и Словенија имаат голем потенцијал за економска соработка

April 4, 2018 12:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економската соработка меѓу двете земји, како и можностите за интензивирање на соработката во туризмот и во земјоделието биле теми на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и оствари средба со министерот за економски развој и технологија на Република Словенија Здравко Почивалшек.

Вицепремиерот Анѓушев му пренел на министерот Почивалшек дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кој се овозможува примената на мерките од Планот за економски раст е влезен во собраниска процедура и истакнал дека со овој Закон се очекува раздвижување на економијата во земјата, нови инвестиции и побрз технолошки развој, при што ги покани словенечките компании да инвестираат во Македонија

– Мерките од Планот за економски раст се исклучително атрактивни и поволни за компаниите. Убеден сум дека словенечките компани ќе ја препознаат можноста за проширување на своите бизниси токму во Македонија. Мерките се концепирани да бидат исти за сите и преку нивна имплементација се поттикнува технолошкиот развој и внесување на иновативни решенија во компаните, со што ќе се зголеми продуктивноста, квалитетот и конкурентноста на компаниите и ќе овозможиме повисок економски раст на македонската економија“, посочил вицепремиерот Анѓушев.

На средбата, како што соопштија од неговиот Кабинет, се разговарало и за можностите за соработка во туризмот, при што министерот Почивалшек истакнал дека туризмот во Словенија изнесува околу 2,7 милијарди евра, односно околу 13 проценти од БДП. Тој посочи дека бањскиот туризам во Словенија учествува со дури 40 проценти во вкупните приходи од туризам и нагласи дека словенички компании се заинтересирани за инвестирање во оваа гранка во Македонија.

– Словенија има добро поставен концепт за развој на бањскиот туризам. Користејќи го вашето искуство, треба да поставиме здрава база за развој на оваа гранка и во Република Македонија, а потоа инвестициите многу полесно и поефективно би се реализирале, нагласил вицепремиерот Анѓушев.

Во поглед на соработката во земјоделскиот сектор, министерот Почивалшек потенцирал дека македонскиот земјоделски производ во Република Словенија се препознава како врвен квалитет и дека Македонија треба да ги искористи природните услови за да ги максимизира ефектите од земјоделието.

Во 2017 година Република Словенија беше петнаесетти по вредност трговски партнер на Република Македонија со вкупна вредност од околу 390 милиони евра и пораст во трговската размена од 11 проценти во однос на 2016 година, додека странските директни инвестиции од оваа земја изнесуваат околу 375 милиони евра, со што Словенија е позиционирана на петтото место во однос на странските директни инвестиции во Република Македонија.

[divide]

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: економијаМакедонијаСловенија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result