• Latest

Законот за финансиска поддршка на инвестициите во Собрание

April 4, 2018

24 ЧАСА: Рамковниот и по 24 години потпалува националистички страсти; Украина не се откажува од Донбас, дециден Зеленски; протести на Алјаска против средбата Трамп-Путин

August 13, 2025
Фото Б. Јордановска/ ЦивилМедиа

Фики Гаспар за ЦИВИЛ Медиа: Децата не треба да се дел од кампањи, ниту од било каква политичка пропаганда

August 13, 2025

Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Без експерти во просторијата: Трамп ќе се сретне со Путин во Алјаска без специјалисти за Русија во неговиот тим

August 13, 2025

Литванија ќе обучува 22.000 луѓе, вклучувајќи деца на возраст од осум години, како да градат и управуваат со дронови за да им се спротивстават на заканите од Русија

August 13, 2025
Фото: МИА архива

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

August 13, 2025
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025
Фото: ВИ

Мрачни денови за Македонија: Брат го уби братот, син ја закла мајка си, малолетник со калашников остави крвав траг

August 13, 2025
Фото: Архива

Формирана Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на ДКСК, со работа ќе продолжи по локалните избори

August 13, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал; Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

August 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Законот за финансиска поддршка на инвестициите во Собрание

April 4, 2018 15:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основна цел на законот за финансиска поддршка на инвестиции е да ја зголеми конкурентноста на македонската економија за да може рамноправно да учествува на меѓународниот пазар и да порасне БДП, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на собраниската Комисија за економски прашања,  која денеска го поддржа Предлог-законот, во прво читање. 

Според него, за да обезбедиме зголемување на БДП има една шанса, а таа е да ја следиме формулата која генерира зголемување на БДП.

– Постојат неколку области каде тоа може да се случи. Едната област е да се зголеми домашната потрошувачка, но во земја од два милиона луѓе и со ограничена платежна можност тоа тешко ќе се случи или тешко брзо ќе се случи. Втората можност е да се зголеми извозот, а ние токму тука сакаме да интервенираме. За да се зголеми извозот потребно е македонските компании да ја зголемат својата конкурентност и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар. Токму тоа сакаме да го стимулираме со овој закон. Мислам дека многу успешно ќе го направиме тоа, а третата можност е да развивате инфраструктурни проекти што ќе биде направено со други мерки на Владата, рече Анѓушев.

Овој закон, посочи тој, треба да се гледа како поддршка за втората можност за зголемување на БДП, односно за зголемување на конкурентноста на македонската економија, за таа да може да се бори со цел свет.

– Знаеме дека сите држави прават одредени мерки за помош на својата економија. Мислам дека ова е првпат во историјата на независна Македонија после 25 години економијата да биде поддржана од Владата и од државата за да може да се бори со целокупната економија во светот, рече вицепремиерот за економски прашања.

Тој истакна дека законот се подготвувал повеќе од шест месеци и реално ја отсликува потребата на македонската економија, а донесува транспарентна шема која треба да резултира со општ пораст на целокупната економија во Македонија. Законот ќе го промени актуелниот модел на помош за компаниите за кои, додаде, ценевме дека е нетранспарентен, а со кој досега се потрошени 225 милиони евра, а се помогнати само 23 компании и притоа е направена нелојална конкуренција при што одредени компании имаат помош, а други не.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој ги образложи мерките кои ги содржи законот, побара што поскоро да биде донесен.

– Овој закон го подготви владин тим во соработка со сите стопански комори и разни експерти. Бараме ваша поддршка законот што е можно побрзо да ги помине собраниските процедури за домашните компании и странските инвеститори, за кои ние сме запознаени и како Влада сме потпишале 10 договори со нови инвеститори, да можат да ги користат овие мерки, рече Бектеши.

Законот ќе обезбеди правна сигурност и еднаков третман за сите компании – домашни и странски. Процедурата за аплицирање е транспарентна и ќе оневозможи корупција. Предуслов за аплицирање на компаниите за оваа финансиска помош се завршната сметка од 2017 година и зголемен приход во последните три години, како и да не биде намален бројот на вработени.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: економијазаконКрешник БектешиСобрание на Република Македонијафинансии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ