• Latest

Велигден во Колешино-село со четири вери и вековно меѓусебно разбирање и толеранција

April 6, 2018
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Велигден во Колешино-село со четири вери и вековно меѓусебно разбирање и толеранција

April 6, 2018 10:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Велигден во селото Колешино за едни е најголем верски празник, а за други е обичен ден. Големиот христијански празник го празнуваат православните и верниците од Евангелско Методистичката црква, додека за Адвентистите и Јеховините сведоци овој ден е обичен.

Селото кое брои над илјада жители, отсекогаш е познато како место каде егизистираат неколку вери и цркви, а најбројни се православните. Нив ги има околу 150 домаќинства. За Велигден почнаа да се подготвуваат во четвртокот.

Поп Илија Сумрачки

Свештникот на МПЦ-ОА во црквата „Свето вознесение Христово Спасовден“, Илија Сумрачки ги завршуваше посетите на христијанските семејства, осветувајќи ги домовите и света вода.

– За големиот празник Велигден се подготвуваме вообичаено. Постот полека поминува и по традиционалното бојадисување на јајцата во четврток, во сабота на полноќ сите сме во црквата. Вртиме три пати околу црквата и се кршиме со јајцата. Се поздравуваме со „Христос Воскресе-Навистина Воскресе“ и потоа продолжуваме по гости, вели свештеникот Илија.

Православна црква Колешино

За заедничкиот живот со припадниците на другите вери дека немаат никакви проблеми.

– Живееме како што сме живееле отсекогаш-сложно. Но, во последните неколку години не раскараа партиите. До пред неколку години не знаевме дека има и други верски заедници-сите бевме заедно, како што гробиштата ни се заеднички. И во црквите и на гробиштата е исто.Сите се почитуваме едни со други, си помогаме, но по партиска линија понекогаш се расправаме за ништо, додава свештеникот Илија Сумрачки.

Евангелско методистичка црква

Полека се упатуваме кон центарот на селото. Наидуваме на Евангелско-Методистичката црква. Околу неа се изведуваат градежни работи. Неколку повозрасни жители на Колешино не пречекуваат и ни посакуваат добредојде. Велат дека дошле во „инспекција“ да проверат до каде се стасани работите околу уредувањето на црковниот двор.

На нашето прашање како се живее во селото со четири вери и исто толку цркви, како од топ одговараат дека отсекогаш се живееле добро и заеднички делеле и арно и лошо, но најмногу се загрижени што во селото младите луѓе се бројат на прсти.

Митко Цеков село Колешино

-Верите никому не му сметат, туку тие се корисни. Но, наш најголем проблем е што од пет куќи, четири се празни. А Велигден, и православните и протестантите (верници на Евангелско Методистичката црква) заедно го слават. Но, за разлика од порано, кога по завршување на црковните обреди во двете цркви одевме по гости и се посетувавме, сега тоа го има помалку. Никогаш не сме имале проблеми на религиозна основа, ни раскажува Митко Цеков.

На муабетот се надоврзува и мајсторот Стеван Атанасов.

Драган Стеван Атанасов

-Верата е една, христијанска. Во нашето село ние како верници се разликуваме по некои многу мали верувања околу догмите и разбирање на некои детали од Библијата. Сега за Велигден селото малку ќе се наполни. Ќе дојдат печалбарите на неколку денови, но и тие што се иселени во други места во Македонија. Во нашата црква, Евангелско-Методистичката, имаме посебни служби за одбележување на Велигден и се разбира по завршувањето ќе одиме да ги посетиме пријателите, вели Стеван Атанасов.

Припадниците на Адвентистите и Јеховините сведоци го почитуваат Велигден, но не бојадисуваат јајца.

Адвентистите освен денот сабота, немаат друг празник.

Адвентистичка црква

-Се радуваме заедно со сите христијани кога се радуваат на Христовото Воскресение, но ние не ги одбележуваме овие денови како останатите, бидејќи не наоѓаме основа во Библијата, вели проповедникот Томе Божинов.

Според него нивната црква има околу дваесетина верници, но заедно со другите има соживот кој е пример за сите.

-Имаме голема толеранција едни со други. Пред неколку денови имав предавања во нашата црква и секој ден имаше претставници од другите верски заедници. Истото се случува и кога има некое предавање или концерт или друг настан на друго место и сите сме заедно. Пред две години за Божиќ нашиот хор учествуваше во прославата на Евангелско Методистичката црква, додава Божинов.

Томе Божинов

Тој изнесе и еден интересен детал дека во селото Колешино, како никаде на друго место, се чита Библијата и тоа од страна на сите верници и затоа тука на човекот не се гледа како припадник на одредена вера, туку на него се гледа со очите на љубовта и затоа е голем прагот на толеранцијата.

Посетата на Колешино полека ја завршуваме на селскиот плоштад. Полека почна да се слуша детски џагор. Учениците ги завршија часовите во претпладневната смена. Пред продавнцата за градежни материјали доаѓаат купувачи кои брзаат пред Велигден да ги завршат планираните работи во нивните домови. Наидуваме на Крсте Ѓоргиев. Го прашуваме како се живее во селото, но и дали има мешани бракови.

Крсте Георгиев село Колешино

– Никогаш немало проблем од таква природа. Кај нас обично женската страна ја прифаќа вероисповедта на сопругот. Но, има случаи кога постарите членови на семејството се, да речеме, протестанти, а младите се православни или адвентисти. Тоа се случува и е сосема нормално, вели Крсте Ѓоргиев.

Црква Јеховини сведоци село Колешино

Во Колешино живеат и припадници на други помали верски заедници, како што се баптистите и пентакосните. Интересно е што на последниот попис четири домаќинства се изјасниле дека се атеисти.

Село Колешино

На заминување од селото со најмногу вери во Македонија го понесуваме чувството дека овој питом крај под планината Беласица крие едноставен рецепт за соживот и разбирање. Тој содржи почит, толеранција и прифаќање на различностите. Токму затоа жителите на Колешино со векови се надалеку познати по нивниот уникатен начин на разбирање и заедничко живеење на животот.

Ристо Тасев за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВелигденКолешинорепортажасоживот
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ