• Latest

Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

April 6, 2018

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

April 6, 2018 10:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) одбележа 11 години од своето постоење. Најмладиот државен универзитет во земјава, а според Шангајската листа е втор на листата по квалитетот и условите кои ги дава на студентите. Првиот ректор, Саша Митрев ги постави темелите на оваа институција, вториот ректор на УГД-Штип е Блажо Боев, на кого предзвик му е студентите да имаат квалитетно образование.

Господине Боев на 27 март  одбележавте  11 години од формирањето на Универзитетот. Според вас кој е најголемиот успех досега на УГД-Штип?

угд штип одбележување 11 години

За успехот на некој секогаш треба да зборуваат другите. Јас сум од оние генерации на професори кои сметаат дека човекот треба да тежнее кон вредности, а не кон успех. Оттука, Универзитетите се институции на највисоките човекови вредности, а најмногу од тие вредности треба да се промовира вистината. Затоа, сметам дека во изминатите 11 години покажавме како институција сериозност и посветеност, покажавме капацитет дека можеме како генерација да создадеме институција која има сериозен национален и интернационален академски капацитет кој понатаму треба да се развива, а новите генерации уште посилно да го подигнат нивото на институцијата.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е на картата на европските универзитети со две реални надворешни евалуации од Европската асоцијација на Универзитети и следствено на тоа, станува признат на национално и интернационално ниво по квалитетот на наставата, моделот на образование и бројните научни истражувања. Ова самото докажува дека Универзитетот во релативно краток временски период дојде до пресвртна точка во која институцијата од локално призната и корисна преоѓа во институција препозната како институција во еден многу поширок контекст. Ете може тоа е најголемиот сигурен показател за оваа институција во овие 11 години.

угд штип

Како ректор потенцирате дека заложба ви е да се понуди поголем квалитет во студирањето. Почнаа ли промените, односно реформите кои ги најавуваат?

Квалитетот нема алтернатива. Тоа е единствениот пат за Универзитетот. Знаете имам впечаток дека во нашето општество веќе предолго време се плашиме да ги мериме и покажуваме реалните, вистинските резултати. И тоа е присутно во сите сектори. Потребата од нова култура на квалитет ни е потребна на сите. Образованието и науката во изминатите години се со многу предизвици, некои се субјективни некои објективни. Јас како ректор се обидов да се посветам на ова прашање, кое не е едноставно и кое бара многу време, напорна работа и тимски дух. Во мојата програма посветив посебно внимание на делот квалитет со основање на центар за развој на кариерата на вработените преку кој  Универзитетот ќе подготвува обуки на вработените. Акцентот и фокусот се на квалитетот на наставата и поддршка на универзитетските професори, со единствена цел одржлив и социјално одговорен  развој на универзитетот. Тоа е и во согласност со коминикето од Ереван, каде најголем акцент се става на квалитетот на образованието и важноста на наставата и учењето. Центарот веќе ги подготвува првите организирани настани, обуки, работилници на теми, кои им се потребни на вработените и студентите за нивната работа и студирање. Јас сум убеден дека ќе придонесеме за севкупниот развој на вработените и студентите, проследено со визијата на УГД ќе придонесеме за зголемување на квалитетот на академската култура.

Сакате да им ја доближите науката на студентите, веќе тоа и го правите преку непосредните предавања кои ги имаат универзитетските професори и академици. Дали успеавте во намерата, која што ја имавте?

Започнавме со проектот „Наука за живот“, тоа е концепт преку кој на Универзитетот ќе можете да ја слушнете мислата – каде оди светот во областа на науката, кои се тие големи вредности кои науката ги даде на нашето време, каде оди овој свет, каква е смислата на животот, кон што стремиме, каде сме се вдале  – тоа се само дел од прашањата кои на свој начин ги поставуваат истакнати академски граѓани, професори, академици, бизнис заедницата, уметници, кои со свои инспиративни презентации се обидуваат науката да ја приближат до студентите и до јавноста. За науката на еден поинаков, популарен начин.  Лично сметам дека преку вакви настани, Универзитетот „Гоце Делчев“ направи успешен обид да ја приближи науката до студентите, средношколците, бизнис заедницата и пошироката јавност. Тоа е предизвик за повторување и нови инспиративни и популарни говори за науката од професорите како на УГД така и од останатите образовни институции од државата.

блажо боев ректор штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ носи бенефит за градовите, каде што имате центри, а посебно на градот Штип. Но, и по 11 години во Штип не се реализира идејата на изградба на Студентски дом. Зошто и каде е закочен овој проект?

Ефектот од постоењето на УГД за градот Штип, но и за другите градови е огромна, од повеќе аспекти. Универзитетот е најдобрата работа што му се има случено на Штип и регионот. Мислам дека треба сите заедно  да го задржиме развојот и да изградиме силно чувство на припадност кон институцијата во иднина, да се работи на зголемување на квалитетот во работата на секое ниво, но и да се зачуваме од синдромот на мала средина.

Студентскиот дом дефинитивно не треба да се очекува дека  треба да го прави УГД. Тоа е премногу од финансиски аспект за УГД, тоа е прашање на соодветното Министерство, под кое е студентскиот стандард.  Нашите сугестии се дека  е потребен еден  студентски комплекс со капацитет од околу 400 легла, меѓу кои и за постдипломци и странски студенти на местото кај поранешниот диспанзер, чие место е во сопственост на УГД.

Сметате ли дека универзитетите треба да имаат поголема соработка со стопанството, кои бараат квалитетен кадар, кој со своето знаење без проблеми би се вклучил во реалниот сектор, но и  иселувањето на младите е најголемиот проблем, според вас како овој процес треба да се спречи?

Денес во 21. век најуспешни се оние општества кои развиваат концепт на т.н. споделена одговорност. Тоа значи Универзитетите, стопанството и  пошироката општествена заедница се заедно во креирањето на образовните политики и стандарди на студирање и работа. Тие си се потребни еден на друг и зависат еден од друг. Се повеќе доминира концептот две  години на универзитет, две  години во индустрија. Но, значи и поинаков однос едни кон други, зголемена проактивност, зголемена финансиска поддршка, стипендирање на младите и добивање финансии уште додека се на пракса и уште многу други моменти, за кои сметам дека е време да се промовираат и развиваат.

угд штип

Во таа насока е и еден од факторите за задржување на младите во државата. Интересот е таму, каде што е добриот резултат. Затоа е потребна стратегија, која во краток временски период ќе успее да ги задржи и мотивира младите од земјата да останат и да ја развиваат оваа земја, која се наоѓа пред многу предизвици. Потребна е една млада вистинска енергија за пресвртница, која ни е толку потребна. Верувам и го гледам тоа во нашите студенти.

Викторија Димитрова-Јованова за  МИА

Tags: Блажо БоевректорУниверзитет Гоце ДелчевШтип
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ