• Latest

Џафери: Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“

April 10, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“

April 10, 2018 11:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.

Џафери е прв сведок на денешната главна расправа. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го праша Џафери дали го разбира македонскиот јазик, на што тој одговори потврдно и оти не му е потребен преведувач.

Џафери прво одговара на прашања обвинителот од ЈОРМ Дарко Јакимовски, а потоа и на одбаната на обвинетите.

Сведочењето го почна со објаснување на случувањата во собранскиот прес-центар. Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието.

– Насилно почнаа да напаѓаат, прво физички, а потоа и со сета опрема што се користеше како средство за напад врз сите нас, пратеници, медиуми и сите што бевме во прес-центарот. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направија кордон пред мене и јас се повлеков поназад. Покрај мене беше и снимателот на ТВ 24. Лица кои застанаа во моја заштита, покрај пратениците, беа и од обезбедувањето на Оливер Спасовски, рече Џафери.

Како што посочи, напаѓачите извикувале „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“.

По него, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.

На претходните рочишта сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Зијадин Села. Тие зборуваа за случувањата и насилството што се случи врз Села на 27 април 2017 година кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието на РМ.

Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На претходните рочишта обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

За овој предмет, месецов се закажани пет рочишта.


извор: МИА

Tags: 27 априлДамјан МанчевскиЗијадин СелаКривичен СуднасилстворочиштаСобраниеТалат Џафери
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ