• Latest

Азем Садики, градоначалник на општина Студеничани

April 11, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Азем Садики, градоначалник на општина Студеничани

April 11, 2018 09:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Студеничани зазема површина од 274 километри квадратни и се вбројува во средно големите општини во Република Македонија. Во состав на општината има 19 населени места, од кои 18 се постојни, а едно село е наполно раселено, Калдирец. Централно место и седиште на општината е Студеничани, а другите населби се Батинци, Драчевица, Долно Количани, Горно Количани, Црвена Вода, Алдинци, Цветово, Елово, Црн Врв, Маркова Сушица, Вртекица, Малчиште, Умово, Пагаруша, Осинчани, Рамни Габер и Морани.

Во општина Студеничани има три централни училишта, а во сите други населени места функционираат подрачни основни училишта.

Ова е ваш трет мандат како градоначалник на општина Студеничани. Во каква состојба е општината, односно во какви финансиски, кадровски и просторни услови и кои се најголемите проблеми со кои се соочувате? 

– Пред неколку месеци го почнав мојот трет мандат, втор последователен. Сите општини во Македонија се соочуваат со многу финансиски проблеми, а посебно руралните, како нашата општина бидејќи дадени се многу обврски на општините додека многу мал процент на средства се слеваат во буџетот на општините.

Еден од најголемите проблеми досега ни беше патната инфраструктура, но благодарение на нашата макотрпна работа во претходниот мандат, дел со наши средства, а многу повеќе со грантови од ИПА успеавме да изградиме многу локални патишта. Со тоа остана уште многу малку за завршување со изградба на сите главни улици на територијата на општина Студеничани, секако тука не влегуваат малите улички, рече Садики.

Што е тоа што треба да се промени за состојбата во општината да се подобри? 

– Најпрво државата треба да одобри, односно да го зголеми процентот на данокот кој се исплаќа на општините. Исто така централната власт треба да ги поттикне општините со финансиски средства за реализација на важни проекти за луѓето кои живеат во тие општини.

Без сериозна поддршка од страна на централната власт за важните проекти како што се водоснабдување, фекална, канализациска и патна инфраструктура не може да се смени состојбата во руралните општини. Ние сме подготвени, имаме проекти, со кои аплицираме на секој јавен повик, посочи Садики.

Кои се приоритетите во Вашата работа и идни проекти кои треба да се реализираат во општина Студеничани?

– Во овој мандат со мојот тим сакаме повеќе да се осврнеме на нови проекти, како што се изградба на градинки бидејќи во нашата општина немаме воопшто градинка. Исто така ја завршивме целата проектна документација за изградба на зграда за прво средно училиште во општина Студеничани. Во моментов имаме поднесено барање за финансирање на овој проект во Министерството за образование и наука, како и во неколку странски агенции кои се присутни во Македонија. Се надеваме дека ќе добиеме позитивен одговор со што би се решил еден многу значаен проект за нашата општина.

Имаме проекти за инфраструктура и тоа патна, канализациска и водоводна мрежа со кои аплицираме во сите отворени повици за грантови во објавите на Светска банка, како и други донатори, нагласи Садики.

Магдалена Ристоманов

Извор: МИА

Tags: Азем Садикиградоначалнициинтервјуопштина Студеничани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ