• Latest

Климкин: Украина ќе го почитува решението на судот за Казандол

April 11, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Климкин: Украина ќе го почитува решението на судот за Казандол

April 11, 2018 11:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина ќе го почитува решението на судот во однос на едностраното раскинување на договорот за Казандол, истакна денеска украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин кој е во дводневна посета на Македонија, прашан што ќе преземе Киев во однос на овој случај.

– Имајќи ја предвид Спогодбата за заемна заштита на инвестициите, ние ќе го почитуваме решението на судот, бидејќи секако го почитуваме владеењето на правото. За време на денешните разговори видовме дека има правна основа за решавање на ова прашање. Уверен сум дека ќе најдеме меѓусебно прифатливо и корисно решение за сите нас. Во дадениот случај имаме инвеститор што може да се обрати до судовите и да направи се, а ние ќе се придржуваме на одлуките на судовите. Сепак, инвестициските прашања не се само политичка сфера, не се само политички размер, туку тие навистина се владеење на правото и тоа е основа за решавање на оваа инвестициска пречка, рече Климкин.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров истакна дека меѓу пријатели може да има и разлики, особено кога во тие односи се вклучени и приватни субјекти кои имаат свои интереси.

– Наше, како држави е да имаме правна рамка во која компаниите согласно својот интерес ќе одлучуваат што ќе направат, што нема да направат итн., но тоа во никој случај не може да влијае на мостот што е изграден меѓу двете држави политички и сега лично и што е многу цврст, истакна Димитров.

Македонската Владата неодамна одлучи да го раскине договорот со украинската компанија „Сардич“, концесионер на Казандол, со образложение дека не се исполнети условите за продолжување на концесијата за рудникот.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КазандолПавло КлимкинрудникУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result