• Latest

Ременски: Добро е што опозицијата ги поддржа реформските закони

April 13, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ременски: Добро е што опозицијата ги поддржа реформските закони

April 13, 2018 14:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добро е што опозицијата се врати во Собранието и ги поддржа реформските закони со двотретинско мнозинство. Македонија тргна напред. Само со инклузивност, конструктивност и искрен пристап на сите политички субјекти можеме да напредуваме како Македонија, современа европска држава и општество достојно за живот на сите граѓани.

Ова денеска го изјави потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, која рече дека вчера во Собранието заедно со опозицијата со двотретинско мнозинство ги донеле законите за заштитени сведоци, за оперативно техничка агенција и за следење на комуникациите, кои се во пакетот реформски закони предложени од Владата. Посочи дека ваквите законски решенија се неопходни за унапредување на демократските процеси во Македонија, а се важни и за евроатлантскиот пат на земјата.

– Веруваме и убедени сме дека новите законски решенија ќе обезбедат сигурност за граѓаните без никаква можност за злоупотреба и загрозување на нивната приватност. СДСМ покажа дека е одговорна владејачка партија која работи исклучиво во интерес на граѓаните и за доброто на Република Македонија, истакна Ташевска Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекуваат пакетот закони во делот на судството заради техничко усогласување идната недела да се донесат во истата форма и формат како што беа донесени законите вчера.

– Останати закони кои исто така можеме да ги вброиме во реформски закони во делот на правосудството се законите за јавното обвинителство и за кривичната постапка што значат усогласување со законот за внатрешни работи и законот за полиција каде неодамна воведовме надворешен механизам за контрола на работата на полицијата особено во делот на сторените кривични дела од службени лица во МВР и од Агенцијата за разузнавање и можностите кои ги има народниот правобранител. За тоа немаме разногласија меѓу политичките партии, рече Ташевска-Ременски.

Таа одговарајќи на новинарско прашање посочи дека се преговара во шест работни групи, најголем дел од нив си ја завршиле својата работа и сите усогласувања биле преточени во амандмани кои се усвоиле во второто читање при матичните работни тела.

– Во најголем дел е исполнета агендата на овие шест работни групи. Во 98 проценти имаме усогласување по однос на сите прашања. Динамиката на измени и дополнувања на закони ќе ја диктираме во следниот период. За нас беше многу важно во пресрет на позитивниот извештај на Европската унија да го заокружиме пакетот закони кои влегуваа во планот 3-6-9, додаде Ташевска Ременски.


Извор: МИА

Tags: враќањеопозицијаСобраниеФросина Ташевска Ременски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ