• Latest

НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за Македонија

April 15, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за Македонија

April 15, 2018 13:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

После сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој истакнува дека Македонија сега е поблиску до влез во Алијансата отколку пред 10 години пред самитот во Букурешт во 2008 година.

– Јас сум еден од тие славни учесници на тој неславен самит во 2008 и отприлика ја знам атмосферата која владееше внатре во македонската делегација и од аспект на човек кој тогаш беше вработен во Кабинетот на Претседателот на Македонија и беше блиску до главниот спор кој и тогаш и сега не носи или не одалечува од Алијансата. Мислам дека и внатре атмосферата е поинаква и надворешно земено, клучните фактори имаат поголеми очекувања од тоа дека може да се изроди нешто позитивно од преговарачкиот процес, вели Пендаровски во интервјуто.

На прашањето што доколку не се затвори спорот за името и која би била во тој случај алтернативата, Пендаровски вели дека ќе продолжи да се разговара бидејќи, како што посочува, Македонија нема подобра алтернатива од интеграцијата во ЕУ и НАТО.

– Јас не гледам подобра варијанта за Република Македонија, пред сè од нејзината кохезија како општество, со оглед на хетерогеноста на населението кое живее во ова земја, со оглед на потенцијалите за економски просперитет и развој кога би биле во тие меѓународни организации кои ги споменав. Значи алтернативата е да се продолжи да се преговара. Ние преговараме од 1993 година, значи четврт век, прашањето да беше едноставно ќе беше решено уште многу одамна, истакнува Пендаровски.

Генерално, вели тој, и кога не сум бил во власта, кога сум бил во опозиција, и како професор и како граѓанин на оваа земја, навистина не можам да видам, после сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија и особено специфичен регион, и од безбедносен аспект ако сакате, со едно прилично нестабилно опкружување години наназад.

Тој се осврнува и на реакцијата на Русија во однос на евентуално членство на Македонија во НАТО и притоа истакнува дека формулациите со кои излегува одвреме – навреме руското МНР содржат реторика која не помага да се подобрат билатералните односи меѓу двете држави.

– Една од тие изјави, сигурно ја паметите, беше дека во случај кога би влегла во НАТО, Македонија би била легитимна цел. Легитимна цел сте само кога претставувате закана за некоја држава, инаку, зошто би биле легитимна цел за Руската Федерација? Јас, и целокупното раководство тоа го тврди, и сите разумни луѓе и целокупната експертска заедница која сака реално да гледа на целиот комплекс прашања, велам дека Македонија ниту денес, кога не е членка на НАТО, ниту утре кога ќе биде членка, не е закана за Руската Федерација. Ние не сме закана за ниеден од нашите соседи и во една реченица тоа да го сумирам, ние не сакаме да влеземе во НАТО за да бидеме закана за некого надвор од нашите граници. Ние имаме цел сет причини зошто сакаме да бидеме дел од таа Алијанса и зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ, вели Пендаровски

Претпоставува дека станува збор за реторика која се однесува на целокупната Алијанса како организација и оти притоа не се мисли на Република Македонија како специфична закана во рамки на таа Алијанса, бидејќи нашите ресурси се познати, големината на нашата Армија е позната, големината на нашата држава и ресурсите со кои располага Македонија се познати.

Извор: МИА

Tags: МакедонијаНАТОпредусловСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ