• Latest

Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци

April 16, 2018
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци

April 16, 2018 09:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Новаци на својата официјална веб страница посебно го истакнува податокот истражен од турски тефтери во кои се посочува дека Новаци за првпат се споменува во далечната 1468 година, како нахија со ограничени овластувања, и дека селото било регистрирано со името Новак, а е запишано како Новаки, Новак.

Богата историја имаат Новаци и мариовскиот крај, на чија територија се наоѓа голем дел од линијата на фронтот од Првата светска војна, долга дури 60 километри, места кои и денес сведочат за стравотните и ужасни битки со бројни жртви за што најмногу пишувале француските историчари Ив Жуен и Пјер Франсоа.

Негувањето на културно историското минато, развојот на меморијалниот туризам и зајакнувањето на цврстите врски со Франција, и посебно Долна Нормандија, се само една од задачите кои пред себе ги постави новоизбраниот градоначалник на општина Новаци Љубе Кузманоски, кој во ова интервју говори и за реалните проблеми на тамошната локална самоуправа.

Каква општина презедовте и како планирате да ја менаџирате во својот мандат?

– Кадровски општината ја затекнaв со 26 вработени на неопределено време и осум лица ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Просторното опкружување за сите врабoтени овозможува солидни услови за работа и во тој дел немаме никакви проблеми за понатамошното работење. Што се однесува до финансискиот дел, на денот на преземањето на општината т.е. примопредавањето, како и секаде така и кај нас имаше обврски кон повеќе фирми што давале услуги за општината. Меѓутоа, имаше одредена сума на пари на сметката на општината и со приливот што го добиваме на нашата сметка можиме да ги менаџираме пристигнатите трошоци така да сметам дека и во иднина нема да имаме проблеми со финасиското работење.

Љубе Кузманоски 2

Кои се реалните проблеми на општина Новаци како локалната самоуправа?

– Ние како локална самоуправа секојдневно сме во контакти со граѓани од населените места на наша територија. Сите тие на некој начин имаат по некој проблем, пред се, од инфраструктурен аспект. Има барања за поправка на улици, патчиња, улично осветлување и сл.  На сите тие барања гледаме да одговориме позитивно во границите на нашите можности.

Општина Новаци според територијата на која се наоѓа е една од најголемите во државата. Што е тоа што треба да се смени за состојбите во општината да бидат подобрени?

– Општина Новаци со површина од 773 километри квадратни е една од најголемите општини во која наша грижа е населението што живее во 41 населено место. За сите населени места обезбедена е потребна инфраструктура, патишта, вода, улично осветлување, телефонска линија. За повеќе населени места како што се селата Добромири, Рибарци, Гермијан имаме изработени проекти за канализација и се трудиме што побрзо да обезбедиме средства за нивна изградба.  Во текот на годината планираме да реализираме повеќе проекти, како што се доасфалтирање на патот Рапеш-Старавина, реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци, Бач и Гермијан, реконструкција на објекти на месни заедници Живојно, Далбеговци, Скочивир и други, доизградба на капела во селото Новаци, изградба на ракометно игралиште во с.Долно Агларци, реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина, и други проекти.

Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна. Оваа година се навршуваат 100 години од завршувањето на оваа голема војна па општина Новаци ќе биде организатор, но, и во соработка со партнерите ќе биде вклучена на многу настани на оваа тема. Планираме на наша територија да поставиме спомен плоча со имињата на загинатите војници од Прва светска војна, нешто слично како споменикот во Коломбел, што беше поставен мината година во номеври.

Љубе Кузманоски 3

Што издвоивте за да биде приоритетно во вашата работа како новоизбран градоначалник?

– Како нов градоначалник ќе се трудам општината да биди сервис на граѓаните, што е можно повеќе да ги решавам нивните проблеми. Еден од предусловите за успешно извршување на работните задачи е почитување на хиерархиската поставеност на вработените за што посебно обрнав внимание уште од почетокот на моето доаѓање за градоначалник. Се надевам дека по завршување на мандатот јас, советниците и вработените во општината ќе има со што да се пофалиме со сработеното.

Марјан Танушевски


Извор: МИА

Tags: ГрадоначалникЉубе КузманоскиОпштина Новаци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ