• Latest

Кривична пријава против Божиновски и Делев

April 25, 2018
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава против Божиновски и Делев

April 25, 2018 15:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и поранешниот заменик министер Христијан Делев поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, со што е нанесена штета на буџетот на РМ во висина од 1.352.400 денари.  

Министерството за внатрешни работи информира дека според документираните сознанија на извршување на кривичното дело, во текот на 2016 година, му претходело склучување на авторски договор помеѓу Г.Д., застапуван од Агенцијата за интелектуална сопственост АРТПИЦК Скопје и Владата на Република Македонија, во тоа време застапувана од Божиновски, тогашен генерален секретар на Владата на РМ.

Со тој договор Г.Д., на барање на Владата – Генерален секретеријат, се обврзал во периодот од 28 јнауари до 28 февруари 2016 година, лично да изработи и достави авторско дело „Интелектуален труд – прибирање на информации и податоци, анализа, изготвување извештај и негово елаборирање за енергетски суровини од аспект на правната легислатива“.

Вредноста на склучениот договор била проценета со бруто износ од 1.352.400 денари, буџетски средства кои требале да му се исплатат на Г.Д. откако во предвидениот рок ќе го достави авторското дело до нарачателот – Влада на Република Македонија, Генерален секретеријат.

Второпријавениот Делев во својство на заменик на министерот за економија, иако знаел дека Г.Д. не ги испочитувал договорените услови и рокови и не го доставил авторското дело за кое бил склучен договор, на 5 април 2017 година потпишал лажна изјава за завршена работа согласно барањата и договорните услови. Божиновски во својство на генерален секретар на Владата потпишал и издал наредба од буџетската сметка на Република Македонија на сметката на Г.Д. да се исплатат парични средства во вкупен износ од 1.200.000 денари без ДДВ со што на лицето му овозможиле противправна имотна корист и на тој начин го оштетиле Буџетот на Република Македонија за паричен износ од 1.352.400 денари.


Извор: МИА

Tags: кривична пријаваМВРОЈОпоранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновскипоранешниот заменик министер Христијан Делев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ