• Latest

Измените и дополнувањата на Законот за лекови го поминаа првото читање

April 27, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Измените и дополнувањата на Законот за лекови го поминаа првото читање

April 27, 2018 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската комисија за здравство на денешната седница со шест гласа „за“, четири „воздржани“ и ниту еден глас против констатираше дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицинските средства е прифатлив и може да се даде на натамошно второ читање.

Министерот за здравство Венко Филипче во образложението на измените и дополнувањата на Законот рече дека се обезбедува лековите кои се увезуваат преку паралелен увоз да се квалитетни, сигурни и поеднакво ефикасни, како и останатите лекови. Посочи дека за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства најпрво мора да достави сертификат од анализа на квалитетот за лекот од производителот кој ќе биде предмет на паралелен увоз.

Освен тоа, нагласи, треба да достави и сертификат од анализа на квалитетот на лекот од лабораторија која е овластена од надележен орган на земјата производител на лекот или на земјата извозник на лекот за вршење на соодветното испитување на лекот или лабораторија овластена од Агенцијата.

Појасни дека за вакцини и лекови добиени со преработка на човечка крв или човечка плазма треба да се достави сертификат за пуштање на серија на лек во промет од официјална лабораторија за контрола на лекови издаден од лабораторија во ОМЦЛ мрежата и изјава дека ќе се обезбедат писмени докази за обезбедување на следливост на лекот од местото на производство до седиштето на носителот на одобрението за паралелен увоз.

– Серификатот за квалитетот на лековите кои се увезуваат преку паралелен увоз не беше задолжителен со претходниот закон, а како последица на тоа до Министерството за здравство има приговори од здравствени работници и здруженија на граѓани во кои се наведува дека дел од лековите од паралелен увоз не се ефикасни, рече Филипче.

Со измените, потенцира, веледрогеријата или здравствената установа треба да има одобрение за пуштање во промет на секоја серија на паралелно увезен лек и до Агенцијата треба да достави сертификат од анализа на квалитетот на лекот што е издаден од производителот, сертификат за спроведена контрола на квалитетот издаден од овластена лабораторија од Агенцијата или од овластена лабораторија од страна на надлежен орган на земјата производител, писмени докази за обезбедување на следливост на лекот од местото на производство до седиштето на носителот на одобрението за паралелен увоз согласно начелата на добрата дистрибутивна пракса.

Според него, тоа ќе биде уште една гаранција за секоја серија на паралелно увезен лек за неговиот квалитет дека при неговиот увоз ако е од биолошко потекло е запазен ладниот ланец за неговиот транспорт. Нагласи дека веледрогеријата или здравствената установа се должни до Агенцијата да достават и писмен доказ дека ја известиле за својата намера да вршат паралелен увоз.

– Одобрението за паралелен увоз треба да ги содржи истите податоци како и привременото одобрение за увоз на лекови. Со измените се допрецизираат податоците што треба да бидат содржани на надворешното пакување на лекот увезен преку паралелен увоз и тоа со детални информации кои на здравствените работници ќе им бидат лесно и постојано достапни. Со измените се предвидува и намалување на бројот на членовите на Комисијата за зголемување на цените на лекови од 15 на 11, додаде Филипче.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Роберт Бекироски рече законските измени се насочени кон обезбедување повисоко ниво на квалитетот на лековите кои се увезуваат преку паралелен увоз.

Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ го праша Бекироски зошто доколку имало  неправилности во паралелниот увоз и забелешки на квалитетот на тие лекови не е преземено нешто во изминатиот период. Според неа, тој начин на обезбедување сертификати ќе биде многу тежок и ќе фаворизира одредени веледрогерии додека други ќе ги елиминира.

Тој одговори дека сертификатот за квалитет, што е основа на секоја веледрогерија да го достави во Агенцијата, е гаранција, бидејќи, како што рече, директно го дава производителот.

– Во Република Македонија за жал досега тоа како критериум во законот не е поставено. Затоа сертифактот за квалитет е основа. Огромен процент на лекови од паралелен увоз се носат од држави со кои ние немаме усогласена регулатива. Затоа со овие сертификати ние го гарантираме квалитетот на лековите, додаде Бекироски.

Јагода Шахпаска од СДСМ рече дека врз основа на пријавените несакани ефекти, пријавите за тоа дека постојат фалсификувани лекови ја наметнале потребата дека треба да донесат предлог-закон со кој би направиле измени со цел да го гарантираат квалитетот на секој лек кој влегува во Република Македонија.

– Ние никого не фавориризаме. Со барањето сертификати ќе се гарантира сигурноста и квалитетот на лековите, Не сакаме да се повтори практиката во минатото кога за да се фаворизираат одредени веледрогерии беа спуштани критериумите во техничката спецификација за набавка на лекови, а се работеше за лекови кои имаат повеќегодишна набавка, додаде Шахпаска.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Весна ПемоваВМРО - ДПМНЕЗакон за лековиМинистерство за здравствоРоберт БекироскиСДСМсобраниска комисијаФилипче Венко
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ