• Latest

ФДМ: Потсетување на суштинската улога на свиркачите

April 27, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ФДМ: Потсетување на суштинската улога на свиркачите

April 27, 2018 15:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници од Македонија, на годишнината од насилствата во Парламентот на Република Македонија, 27 април 2017, преку соопштение потсетува на суштинската улога на свиркачите во откривањето на корупцијата и злоупотребите на функциите од позиција на моќ.

„Неодамна, Советот на Европа ги повика земјите членки да усвојат соодветни законски решенија за заштита на свиркачите. Македонија, како земја членка, е обврзана да го стори тоа. Европската Унија, чие членство е стратешка цел на Република Македонија, исто така се движи во оваа насока. Неодамна Европската Комисија укажа на значењето на свиркачите и предложи Директива за нивна заштита. Секоја земја која се стреми кон владеењето на правото треба да ги усвои и применува законите за заштита на свиркачите. Тие се суштествени за функционална демократија“, стои во соопштението.

Според ФДМ во Македонија свиркачите кои обезбедија докази за масовното незаконско прислушување, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, за жал, остануваат на маргините на општествените текови.

„Затоа, ФДМ на годишнината на насилниот упад во Собранието на Република Македонија, на 27 Април 2017 година потсетува на важноста и одговорноста на државата да ги поддржи и спроведе препораките од Европската Комисија. Секоја одговорна Влада треба посветено да работи на донесување и усвојување на соодветно законодавство со што ќе се засилат демократските процеси“, се вели во соопштението на Форумот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #ФДМ27 априлгодишнинасвиркачисоопштениеулога
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result