• Latest

Следи ги своите соништа: Мигрантска приказна на една млада Македонка

April 30, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Следи ги своите соништа: Мигрантска приказна на една млада Македонка

April 30, 2018 13:59
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се викам Ерлин и сум 29-годишна Македонка која ја напуштила својата земја за да ги постигне своите професионални цели. Откако се стекнав со мастер надвор од земјата, се вратив во Македонија со цел да ја започнам мојата професионална кариера и да придонесам кон моето општество. Мојата енергија и желба да придонесам беа задушени набрзо по пристигнувањето, бидејќи се соочив со тешкотиите поврзани со влегувањето во пазарот на труд.

По 6 месеци постојано барање работа, ме вработија. Не беше кариерата која ја посакував, но ми рекоа дека треба да бидам среќна што имам работа. Поминав 2 години во мојата земја. Научив и се развив многу на професионален план, но истовремено, се чувствував дека не треба да се задоволам со помалку од она за кое се стремев. Моето искуство во Македонија е дека капацитетите и мотивацијата на младите често се подриваат. Возраста, родот и најважно контактите кои ги имаш сѐ уште се важни во поглед на тоа каде се наоѓате и колку ќе напредувате во вашата кариера. Набргу потоа, почнав да аплицирам за работни места надвор од земјата и ја добив првата работа во меѓународна организација во странство.

Животот и работата во странство носи мноштво предизвици. Бев далеку од моето семејство и пријатели и од она што го сметав како зона на комфор… но токму таму ја најдов својата професионална, како и лична зрелост. Бев отсутна за родендените, венчавките и прослави на луѓе кои ми се блиски, но си ги исполнував целите во кариерата и тоа ми даваше елан да продолжам. Сега се наоѓам во Либан, земја која е домаќин на најголемиот број на бегалци по глава на жител во светот. Економската криза и присуството на преку милион Сиријци во земјата резултираа со мобилизирање на капацитетите и потенцијалот на млади луѓе во одговорот од земјата – барем во хуманитарниот сектор од кој и јас сум дел и ова беше исклучително искуство на учење за мене.

Од клучна важност е да се разликува моето мигрантско искуство од она на личност која ја напуштила својата земја поради војна или страв од прогон. Меѓутоа, преку разговор со бројни млади бегалци и мигранти низ моето искуство, сфатив дека нашите долгорочни цели и соништа имаат многу заеднички точки. Сите се стремиме кон самореализација – во безбедна и просперитетна средина. Мојата порака до младите луѓе е: никогаш не престанувајте да работите кон постигнување на своите цели, какви и да се истите. Универзумот има свој начин на наградување на оние кои ги следат своите соништа. Во мојот случај, бев наградена со кариерата која секогаш ја сакав и работам со луѓе од кои многу може да се научи за отпорност и сила.

 


Приказните се собирани од активисти на Легис и се поддржани од GIZ во име на BMZ.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

Tags: вработувањеЛибанмигрантиСиријахуманитарна работа
Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ