• Latest

Слободни, безбедни, независни, храбри и одговорни медиуми

May 3, 2018

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Слободни, безбедни, независни, храбри и одговорни медиуми

May 3, 2018 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава. Оваа Влада останува посветена да го слуша гласот на граѓаните и на својот врв на приоритети е концептот на отвореност, транспарентност и пристапност“, изјави министерот за транспарентност, отчетност и комуникации Роберт Поповски по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на печатот.

„Овој ден Македонија го одбележува во демократска слободна и европски ориентирана држава. Денес има можности за повеќе критички текстови од пофалби, има можности за сугерирање. Денес има гласност, наспроти молк. Искусивме дека молкот и цензурата резултираа со назадување. Слободно изречениот збор создава вредности и квалитет во општеството“, рече Поповски.

Тој посочи дека медиумската сфера по 10 години за првпат е ослободена од политички притисоци, а напредокот во областа на медиумите е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за Македонија.
Поповски оцени дека уште многу треба да се работи особено за професионално работење на Јавниот дифузен сервис за што, како што кажа, претстојат законски измени во таа насока. Тој нагласи дека Владата се повлече од традиционалното владино рекламирње во медиумите и се залага за промена на економската состојба на новинарите, зголемување на платите и стабилност на нивните работни места.

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, истакна дека слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права.

„Меѓународниот ден на слободата на печатот кој што го одбележуваме денеска, нека биде потсетник за сите нас. За нашите заложби изминатите години за слободата на медиумите. Но, и ден кога медиумските работници ќе се потсетат на својата клучна улога во општеството. Јавноста мора да биде постојана контрола на власта. Важноста на медиумите е огромна, особено во областите на правдата и владеењето на правото. Затоа важна е транспарентноста на политичките процеси, независноста на медиумите и медиумската писменост. А од најголема важност за тоа да се постигне е отчетноста на државните институции кон јавноста“, додаде Манчевски.

Тој потенцираше дека измените во законот за АВМУ, најважно од се е дека даваат шанса за политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. Медиумската заедница треба да ја превземе контролата врз медиумскиот сектор. Овој закон овозможува дополнителни механизми за саморегулација.
Манчевски е дециден дека медиумите мора да бидат на висина на својата задача и да ја стекнат и зачуваат довербата на граѓаните.

„Долго време бевме сведоци на пристрасно, нефер, небалансирано или едноставно лажно известување. Денес, секој со интернет конекција и паметен телефон може да објавува, во секое време, насекаде. Но, тоа не е новинарство. Кога новинарите и уредниците ја игнорираат нивната одговорност да ги потврдат своите приказни и точно да известуваат, го поткопуваат интегритетот на својата професија и довербата на граѓаните. Да не заборавиме дека улогата на медиумите не е само да известуваат, туку и со известувањето да ги мотивираат луѓето да бидат постојан коректив на власта“, додаде тој.

По повод одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите, Секретаријатот за европски прашања, во Клубот на пратенците оранизираше неформален брифинг и појадок со претставниците на медиумите на кој се дискутираше на мноштво теми од општествен интерес.

„Денеска е светскиот ден на слободата на известувањето, што секако претставува еден од темелните, можеби и најважен сегмент, на кој почива изградбата на едно современо демократско општество, истакна Бујар Османи.

Европскиот Парламент наведе дека слободата на медиумите на Западен Балкан е незадоволителна и дека, апсурдно, се намалува паралелно со приближувањето на регионот до ЕУ.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека слободата на медиумите е суштинска за мирот, правдата и човековите права за сите.

Светскиот ден на медиумите е воведен во 1993 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Од јануари до мај годинава се убиени 36 новинари, најмногу во Авганистан.

10 новинари и медиумски работници се убиени во Авганистан на 1 мај 2018 година. Во нападот на терористичката „исламска држава“ повредени се шестмина новинари.

1992-2018 – Убиени се 1.911 новинари и медиумски работници. Новинарите гинат на своите работни задачи или се убивани поради своето известување.

22 февруари 2018 – Полицијата ги пронајде телата на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Куцијак истражуваше корупција во словачката Влада.

16 октомври 2017 година на Малта убиена е Дафне Карауна откако беше поставена бомба на нејзиниот автомобил.

Додека убиствата во Европа предизвикаа општа осуда и барање да се уапсат одговорнисте, десетици случаи на убиства на новинари во светот останаа без меѓународно внимание.

Мексико е најсмртоносното место за работа на новинарите, 12 убиени за 12 месеци.

57 отсто е поголем бројот на убиства на новинари за првите четири месеци во однос на лани.

Сирија во 2017 година беше најопасна држава за медиумските работници со 69 загинати.

88 новинари, од кои шест жени беа убиени минатата година.

46 новинари беа цел на убиството поради истражување и објавување корупција.

1.801 новинар загинал за време на извршувањето на задачите од 1997 година.

2012 година е најкрвавата година за новинарите во последните две декади – 133 новинари загинаа.

262 новинари се притворени минатата година. Најмногу во Турција, Кина и Египет.

Најновиот извештај за медиумските слободи на „Репортери без граници“ покажува дека во Европа тие и натаму се на највисоко ниво, но и кај нив е во опаѓање.

Од пет држави кои најмногу назадувале во медиумските слободи – четири се европски.

Македонија е на 109 место, Црна Гора на 103, Косово на 78, Албанија на 75, Хрватска на 69 и БиХ на 62 место според слободата на медиуми. Словенија е најдобро рангирана од регионот и е на 32 место.

Според Репортери без граници, Македонија напредува за 3 места во изминатите две години.

Норвешка е на прво место според медиумските слободи. Следуваат Шведска, Холандија, Финска, Швајцарија, Јамајка, Белгија, Нов Зеланд, Данска и Костарика.

Северна Кореја е на последно место на таа ранг листа. Пред неа се: Еритреја, Туркменистан, Сирија, Кина, Виетнам, Судан, Џубути, Куба и Еквадорска Гвинеја.

11.55 – 12.00 часот Традиционална симболична акција „Пет минути громогласна тишина“ со која медиумите ги предупредуваат своите корисници на сè полошата положба на новинарите и медиумите, со што директно се загрозува слободата на медиумите и правото на јавноста на квалитетно информирање.

Во последните неколку години во Македонија имавме тотален медиумски мрак и контрола. Благодарение на неколку храбри медиуми и новинари, особено веб-портали и граѓанските новинар(к)и кои со своите мобилни телефони или камери ги информираа граѓан(к)ите на социјалните мрежи за тоа што се случува во државата.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 3 мајАВМУДамјан МанчевскиновинариРоберт Поповскислободни медиуми
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ