• Latest
Добро утро со Орданоски

Претседателот со кралски амбиции

May 7, 2018

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Претседателот со кралски амбиции

May 7, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]ачинот на кој г. Ѓорге Иванов го ликвидира г. Димитар Богов во трката за старо-нов гувернер на Народна банка на Македонија е суров, но поучен. Јас, претпоставувате, не сум претерано тажен заради тоа, но мислам дека Богов секако заслужуваше подобра шанса од оваа што му ја пружи Иванов. Поуката е во тоа што Богов, со целиот свој капацитет на амбициозен и компетентен бирократ со харизма и шарм на мртва кобила, требаше да сфати дека морал самиот, кога тоа Иванов одбил да го стори, да се обиде да си излобира поддршка во Владата. Или барем да испреговара елегантна „корпа“… Вака, Иванов го пушти Богов низ канализацијата на својата политичка фрустрација со едно стискање на казанчето! Ојде човекот!

Не е јасно до каде мисли со ваквото свое однесување да стигне Иванов?! До трет мандат?

Реално, направи сè што можеше во кршењето на политичките, моралните, уставните и законските норми за да го спречи СДСМ да дојде на власт во државата. Тоа не му успеа. Мислам дека човекот отече од нервоза, од јад и од чемер што мораше, конечно, да му го даде мандатот на Заев за да формира влада, дотолку повеќе што ербапов струмички цело време му повторуваше, како на муле пред капија: „Полека, ќе го убедиме претседателот, ќе го даде мандатот, без нервоза, ќе го убедиме да го даде мандатот…“ И го даде.

Од тогаш, наваму, има 300 дена, човекот кој се одзива на титулата претседател се инаети за сите овластувања што му се дадени по закон, а кои мора да ги усогласува со извршната власт. Неискрен е во надворешната политика (патем, уште еднаш ако ја посети Турција, мислам дека Ердоган и пасош ќе му даде!); ги кочи и развлекува (или, уште полошо, се обидува да се наметне, како со Богов, но пред тоа и со уставните судии) сите кадровски решенија за кои се бара и негова согласност, а за квалитетот на неговите кадри најилустративен е примерот со македонскиот амбасадор во Вашингтон; разузнавачката служба ја користи како приватен дуќан за внатрешно-политички поткусурувања и ширење дезинформации; единствено во АРМ, во улога на врховен командант, не сум сигурен што прави, ама сто-посто нешто плетка што не е во корист на нашата безбедносна атлантска иднина, па макар и да им дотура сол во казанот со гравчето! Толку е антизападно ујдисан, што и на овие од Исток понекогаш им доаѓа непријатно што го имаат за претседател.

Најсериозен е, сепак, обидот за противуставна интервенција во Уставот на Републиката, со редефинирање на претседателското суспензивно, во апсолутно вето, кога се во прашање донесените закони од страна на Собранието. Тоа што од функцијата претседател си зема за право на „широко толкување“ на сопствените уставни овластувања, дури и кога се работи за донесени лоши закони (каков што е Законот за јазиците), е опасен преседан кој, по пат на апсолутистичка интервенција, го менува нашиот уставен поредок од парламентарен во монархистички.

А Ѓорге Иванов не крал, туку никогаш не ни сонуваше дека може да стане претседател на Македонија. Со неповторлив стек на околностите, стана. Во два мандати. Без своја вина и заслуга. Факт е дека на тие што му го овозможија тоа, се обиде, но не им заврши работа кога им беше најважно. Се испостави дека претседателската функција му е за еден број поголема, како и ракавите на оделата што ги носи. Таков е човекот: плашлив и конфузен, лош во проценките, полош во договарањата, а најлош во извршувањето на договореното.

И што му требаше вака „на душа“ да го земе гувернерот Богов, да го отпука како старо тенџере?! Да не се нешто завадени?

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: IvanovБоговЕрдоганИстокпретседателУстав
Share155TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ