• Latest

9 мај низ вековите

May 9, 2018

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

9 мај низ вековите

May 9, 2018 07:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Ден на Европа.

1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргнал на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се вратил во ноември 1504 година, а умрел две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминале ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаел дека ја открил Америка. Бил уверен дека стигнал до источните брегови на Азија.

1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер, борец за рамноправност на Црнците. На 2 декември 1859 година федералната американска војска го фатила тешко ранетиот Браун и го обесила. Неговата борба имала широк одзив и и претходела на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД.

1805.- Во Вајмар умрел Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнувал идеалот на достоинството, слободата, убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“ и „Јованка Орлеанка“. Роден бил на 10 ноември 1759 година.

1873.- Роден е англискиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја открил гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон.

1901.- Во Мелбурн бил отворен првиот Парламент на Австралија.

1903.- Умрел Пол Гоген, француски сликар. Сликал во духот на постимпресионизмот, симболизмот и фовизмот. Од делата познати му се „Месец и земја“, „Се викам Марија“, „Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?“, „Белиот коњ“, „Никогаш повеќе“ и други. Роден бил во 1848 година.

1926.- Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетале со авион Северниот пол, што било голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.

1927.- Канбера станала главен град на Австралија наместо Мелбурн.

1944.- Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинале Кире Гавриловски – Јане и Круме Волнароски – Коља, народни херои на Југославија од Македонија.

1945.- Црвената армија ја ослободила Прага, главниот град на Чехословачка.

1945.- Во Берлин, нацистичка Германија го ратификувала актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7 мај 1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 Мај како Ден на победата над фашизмот.

1946.- Кралот Виторио Емануел Трети абдицирал и Италија станала Република.

1947.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар била прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа била операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент бил Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов – Кочко.

1955.- Сојузна Република Германија станала членка на НАТО.

1959.- Во Скопје умрел Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите „Дадовме збор“, „Дедо Мраз и кај нас“, „Милка“, на книгите раскази „Палавото зајаче“, „Првите цутови“, како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден бил во Охрид, на 23 февруари 1915 година.

1994.- На воведната седница на првиот повеќерасен парламент Нелсон Мендела бил избран за прв црн претседател на Јужна Африка, со што бил завршен големиот скок од апардхејдот кон демократија.

1998.- Во Бирмингем, Велика Британија, се одржал 43 Фестивал на забавна музика во Европа – Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија која ја претставуваше Владо Јаневски со песната „Не зори, зоро“ на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место.

2002.- Американскиот Конгрес им забрани влегување во САД на граѓаните на седум земји кои го поддржуваат и толерираат тероризмот – Ирак, Иран, Куба, Либија, Северна Кореја, Сирија и Судан.

2004.- Претседателот на Чеченија, Ахмад Кадиров загинал во експлозија на бомба, што ја поставиле чеченските исламски терористи на стадионот во градот Грозни.

2009.- Умрел Чак Дејли, кошаркарски тренер, творец на „Дрим тимот“ кој го сочинуваа ѕвездите како Џордан, Џонсон, Баркли, Бирд и кој на Игрите во Барселона во 1992 година ја освои олимписката титула. Важел за стручњак кој знаел од различни карактери да создаде хармоничен тим. Во 1994 година бил примен во Куќата на славните кошаркари.

2015.- Во оружена пресметка во кумановската Дива населба животот го загубиле осум припадници на Министерството за внатрешни работи, а четириесетина биле повредени. Акцијата завршила откако македонските специјални сили целосно ја неутрализирале и елиминирале терористичката група, од која дел им се предале на македонските власти. Во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на оваа приградска кумановска населба животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, припадници на специјалните единици на македонската полиција. Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, биле убиени и 10 припадници на вооружената група.

2017.- Зоран Маџиров, македонскиот и светски афирмиран музичар перкусионист почина во Скопје на 49-годишна возраст. Маџиров на 7 октомври 2016 година беше тешко повреден  во сообраќајна несреќа што се случи на патот Штип – Радовиш, откако со својот автомобил се судрил со камион-влекач. По несреќата беше згрижен на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓаше во коматозна состојба. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започнал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute. Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал. За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавил неговиот прв домашен компакт диск Home. Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 9 Мајвремеловна денешен ден
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ