• Latest
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Промена во бесплатната правна помош за новинари

May 9, 2018

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промена во бесплатната правна помош за новинари

May 9, 2018 14:25
in ВЕСТИ
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за развој на медиуми на денешната конференција за медиуми, што се одржа во Клубот на новинари, соопшти дека програмата „Бесплатна правна помош за новинари и медиуми тужени за навреда и клевета“, од оваа година ќе го применува принципот на финансирање по случај, наместо досегашниот месечен паушал за Адвокатската канцеларија „Медарски“.

 

Првата измена е во тоа што бројот на случаи што ги покрива грантот е ограничен, за оваа година, на пет нови случаи на новинари и медиуми тужени или гонети поради нивното известување. Втората измена е што престанува принципот на „отворена врата“, односно, обврската на адвокатската канцеларија со која соработуваат да ги прифати сите случаи на новинари тужени за навреда и клевета.

„Поради намалениот број на нови тужби за навреда и клевета – за што, сметаме, во голема мерка е заслужна и Програмата за бесплатна правна помош – а и за да се изедначи приодот со сличните програми што во други држави ги помагаат нашите партнери од МЛДИ, се напушта таквиот пристап на „отворени врати“. Таквиот пристап, согласно праксата на другите партнери на МЛДИ од другите земји во светот каде тие даваат поддршка за слични програми за заштита на новинари и медиуми, ќе го замени пристап во кој новинарите што се соочуваат со тужби за навреда и клевета ќе треба да поминат низ краток и едноставен процес на аплицирање, кој може да се комплетира преку интернет-страната на Центарот за развој на медиуми“  стои во соопштението на ЦРМ.

Програмата за бесплатна правна помош за новинари и медиуми инволвирани во судски случаи за навреда и клевета која беше воспоставена во 2013 година, и потребата од таквата програма тогаш беше повеќе од очигледна.

„Декриминализацијата на клеветата и навредата со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во ноември 2012 година настапи во момент кога пред кривичните судови во државата имаше околу 330 активни случаи во кои новинари и медиуми беа тужени за навреда и клевета. Сите тие случаи, со стапувањето на сила на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета требаше да преминат од кривична во граѓанска постапка. Во првата година, програмата покри вкупно 31 случај префрлени од кривична во граѓанска постапка“ додаваат од ЦРМ.

Во склоп на Програмата за бесплатна правна помош за новинари и медиуми, досега одбрана добиле новинари и медиуми во повеќе од 50 случаи.

Проектот е поддржан од британската организација МЛДИ (Media Legal Defence Initiative).

А.П.

 

Tags: бесплатна правна помошклеветаМедарскиМедиуминавредановинаритужбиЦентар за развој на медиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ