• Latest

Каква Македонија сака Бочварски?

May 11, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каква Македонија сака Бочварски?

May 11, 2018 15:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на работилницата „Каква Македонија сакам?” организирана од страна на ЦИВИЛ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Во работниот дел од настанот се отвори дискусија за можностите за граѓанско учество во демократските реформи на локални и национално ниво, а особено внимание беше посветено на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.

„Дебатата и вклучувањето во дебати е многу важно за нас, за Општина Штип, за граѓаните, бидејќи сите заедно се заложивме дека сакаме да ги интегрираме граѓаните, да ги вклучиме во носењето на одлуките и да ги запознаваме што е можно повеќе за тоа што го правиме како нивни избрани претставници. Токму затоа сакам да ги запознаам сите учесници за тоа како Општина Штип прави промени во начинот на функционирање и на работење со тоа што правиме и учествуваме во различни дебати и дискусии. До овој момент во мојот кабинет имам остварено преку 1400 средби со граѓани во изминативе шест месеци. Бараме начини како подобро да го слушнеме гласот на граѓаните. Така што оваа дебата е исто така убава можност за да ги слушнеме мислењата и на претставниците од граѓанскиот сектор, и од политичките партии, доколку присуствуваат, и на сите коишто покажуваат интерес на ваков начин да комуницираме и споделуваме мислења,” истакна градоначалникот Бочварски.

„Би сакал голема благодарност да упатам до градоначалникот на Општина Штип за неговото присуство денеска. Оваа работилница, како и проектот Акција – Интеграција е со цел да ги истражиме можностите и барањата и потребите на Општините како што е Штип. Штип е првиот град во кој доаѓаме, бидејќи е важен за нас како за граѓанско општество, бидејќи е еден од најслободарските региони во Република Македонија и е отворена Општина, Општина отворена за граѓанското учество, Општина отворена за демократски реформи во вистинска смисла на зборот, како и за промоција на европските вредности.  Европските вредности се важни за Македонија на  нашиот пат кон Европа и е нешто што ние сакаме да видиме како се реализира на терен. Мислам дека во Штип има одлично тло за реализација на овие проекти, бидејќи градоначалникот и неговиот кабинет се отворени за соработка,” посочи Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

За време на дебатата, градоначалникот Бочварски зборуваше за досегашните проекти и остварени ветувања, како што се гасификацијата на општина Штип, намалување на цената на водата за пиење, проектирање и изградба на нова детска градинка, допроектирање брана на река Отиња, инфраструктурните потфати на територија на општина Штип, обезбедување водоводна линија и конечно донесување чиста вода за пиење за жителите на населбите Балканска, Македонка и Чардаклија, чистење атмосферски канали, обезбедување бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки, акцијата „Пролетно чистење и уредување на градот”, промовирање мерка – мал групен дом, укината наплата на паркинг, иницијатива за формирање Солидарен Фонд, дебата за сообраќајни решенија, дебати за составување Буџет на Општина Штип за 2018 година и подготовка за прифатилиште за бездомни животни.

 

Tags: БочварскиработилницаШтип
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ