• Latest

Завршни зборови за „тоа на М“

May 14, 2018

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Завршни зборови за „тоа на М“

May 14, 2018 08:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за  предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“.

На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови на обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Јанкулоска Титаник

Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа беше издвоена поради „ризична бременост“.

Груевски, Јанкулоска и Поповски се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Мерцедес Груевски

Тројцата обвинети во овој предмет се изјаснија дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.

Судењето за „Тенк“ почна на крајот на јануари годинава.

Тендери

Ново судско рочиште треба да се одржи и за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, а се однесува на тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки. Дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.

На последното рочиште во судницата во Кривичниот суд се слушаа пет прислушувани разговори, кои СЈО ги предложи како доказ во овој случај. Од петте разговори четири се од 2011 година, а еден од 2013, а во нив зборуваат Канческа-Милеска, Миле Јанакиески, Илија Бреслиски и Гордана Јанкулоска.

Топлик Латас

На обвинителна клупа во Судот денеска треба да седне и новинарот Драган Павловиќ-Латас, кој е осомничен во предметот „Тотал“.

Претходните три рочишта за овој случај не се одржаа, бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Кривичен СудрочиптаСЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ