• Latest

Заев-Георгиева: СБ да ги поддржи проектите поврзани за развој на општините

May 16, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев-Георгиева: СБ да ги поддржи проектите поврзани за развој на општините

May 16, 2018 17:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија, овозможувајќи им поголема финансиска самостојност и создавање услови за економски раст. Ова денеска го истакнаа премиерот Зоран Заев и извршната директорка на Светска банка Кристалина Георгиева.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев од денеска престојува во Софија по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Заев и Георгиева, како што се наведува, изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и аранжмани меѓу Република Македонија и Светска банка, особено во делот на поддршка на банката во финансирање на инфраструктурните проекти како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци.

На средбата премиерот Заев ги елаборирал проектите за енергетска независност и за борба против аерозагадувањето за што е предвидено Владата со поддршка на банката, да формира Фондови за енергетска ефикасност и за борба против загадувањето.

– Заев и извршната директорка на Светска банка се согласија дека во таа насока се добредојдени финансиските аранжмани кои ја препознаваат иднината за енергетска независност со поддршка за нови капацитети за обновливи енергија, особено во делот на фотоволтаичните електрични централи, се вели во соопштението.

Георгиева, како што се наведува, истакна дека оптимизмот, реформите и развојот на Република Македонија во минатата година се препознаени и изрази подготвеност банката да ги земе предвид и другите проекти, како што се иницијативите за трговија и транспорт од стратегијата за поврзување на Западниот Балкан што произлезе од Берлинскиот процес.

На средбата Георгиева истакнала дека банката е подготвена, заедно со институциите во нашата државата да изготви студија за темелна проценка на идентификација на потенцијалите на Република Македонија за економски и општествен раст, која може да биде основа за идната стратегија за раст и за креирање нови работни места. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаЗоран ЗаевопштиниПремиерразвојСамит на ЕУ на Западен БалканСофија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result