• Latest

Самитот потврда за европската перспектива на Западен Балкан

May 17, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Самитот потврда за европската перспектива на Западен Балкан

May 17, 2018 07:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија денеска ќе даде ново ветување за членство на своите партнери од Западен Балкан во момент кога шесте земји, меѓу кои Македонија се наведени во нацрт-декларацијата што ќе биде усвоена во Софија, но без најпосакувана награда – датум на пристапување, јави известувачот на МИА од Софија.

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија треба да внесе нова енергија во односите меѓу ЕУ и регионот, но фокусот, сепак, нема да биде на проширувањето, туку на поврзувањето, со цел да се подобри транспортот и дигиталната инфраструктура на регионот и да се олесни соработката.

Намерите на Бугарија, претседавачот со ЕУ се враќање на Балканот на агендата на Унијата.

еу западен балкан

Но, агендата беше „киднапирана“ од неодамнешните случувања – трговските тарифи што ги воведе Доналд Трамп и повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран, со што вниманието на Унијата беше пренасочено кон овие случувања.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во пресрет на Самитот вчера изјави дека првпат по 15 години ќе се соочат лидерите на Унијата со сите лидери на Западен Балкан.

Европската унија ја поздравува посветеноста на Западен Балкан на европските вредности и принципи и визијата  за силна стабилна и обединета Европа. Повикувајќи се на Солунскиот самит во 2003 година, се потврдува недвосмислена поддршка за европска перспектива на регионот, се вели во последната верзија на декаларацијата што ќе биде усвоена на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Софија Самит

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти е тема на Самитот, на кој учествува македонска владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, јави известувачот на МИА од Софија.

На Самитот, што се одржува во организација на бугарското претседателство со ЕУ присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и од регионот. Со самитот претседава претседателот на Европскиот совет Туск, кој ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

На Самитот учествуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е домаќин на Самитот, кој е најголемиот настан во рамки на бугарското претседателство со Унијата.

Борисов официјално во 9:15 часот по локално време ќе ги пречека државните и владините лидери, кои учествуваат на Самитот.

По завршувањето на пленарните сесии во 15 часот по бугарско време Борисов, Туск и Јункер ќе одржат заедничка прес-конференција.

Премиерот Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот.

Во документот, што треба да произлезе од Самитот, се истакнува дека ЕУ е одлучна за интензивирање на ангажманот на сите нивоа за да поттикне политичка, економска и социјална трансформација на регионот со поголема помош врз основа на видлив напредок во владеењто на правото и социјалните и економски реформи.

ЕУ ја поздравува определеноста на партнерите од регионот за демократија и владеење на правото, особено во борбата против корупцијата и почитување на правата на човекот и правата на малцинствата.

Во нацрт документот се додава дека ЕУ ги поддржува заложбите на партнерите од Западен Балкан да продолжат со работа на усогласување на добрососедските односи, регионалната стабилност и взаемната соработка.

ЕУ Балкан

Во нацрт заклучоците посебен акцент се става и на создавање нови можности за младите кои ќе придонесат за социо-економскиот развој на Западен Балкан.

Во нацрт декларацијата се вели дека изградбата на „густа мрежа врски и прилики“ во регионот и со ЕУ, е од суштинска важност за приближување на граѓаните и економијата и јакнење на политичката стабилност, економски просперитет и културен и општествен развој.

ЕУ ќе им помага на државите од регионот за развој на дигиталната економија и еколошките друштва во согласност со Парискиот договор.

Премиерот Заев на Самитот во Софија ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Conectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на држави и влади со највисоките претставници на телата на ЕУ ќе има свое обраќање на тема „Заедничко справување со заканите“.

На маргините на самитот премиерот Заев ќе има тет-а-тет средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, а како што соопшти владината прес-служба, планирани се билатерални средби на Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија Марк Руте. Во агендата на премиерот Заев се испланирани и билатералните средби со премиерите на Австрија, Шведска и Естонија, Себастијан Курц, Стефан Лофвен и Јури Ратас. Заев вчера се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Заев и Макрон

За време на престојот на Заев во Софија е организирана и средба со Кристалина Георгиева, извршна директорка на Светска банка.

Заев со вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев на 18 мај ќе учествува и ќе има свое обраќање на Виенскиот економски форум, кој ќе се одржи на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен БалканСамитСофија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ