• Latest
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Шекеринска: Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

May 20, 2018

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

May 20, 2018 13:32
in ВЕСТИ
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Нашата цел да најдеме решение коешто ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција е постигнато со овој предлог пакет, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она што беше нашата цел, а тоа е да најдеме решение коешто ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција, сметаме дека е постигнато со овој предлог пакет. Не случајно премиерот вчера јасно порача дека сметаме дека пакетот којшто беше усогласен нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници, истакна Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста на која беше одбележан 23 мај – Меѓународниот ден на Власите.

Посочи дека Република Илинденска Македонија претставува одлична база за решение, заради тоа што, таа подразбира временска одредница, се поклопува со важни датуми од историјата и покажува дека Република Македонија ниту имала, ниту ќе има територијални претензии.

– Сите елементи во решението одговараат и на очекувањата и на барањата во Македонија и во Република Грција. Тие даваат одговор на нашите национални и државни интереси и го заштитуваат нашиот идентитет. Ќе продолжиме да работиме на решение и да градиме пријателство, заради тоа што сметаме дека овој пат навистина сме многу блиску, истакна  Шекеринска.

Во однос на коментарите дека сега нема повлекување од „ерга омнес“, Шекеринска потсети дека сме врзани со пакет решение кое, како што рече, не може да се дорби на парчиња.

– Од првиот момент до денес, и македонските и грчките преговарачи кажуваат дека или ќе договориме се или нема да имаме договор, дека пакетите се тие кои што не можат да бидат отворени и секој да си бира што сака, туку дека бараме решение кое што ќе даде одговор на сите прашања и кое ќе биде прифатливо за двете страни. Таков договор беше постигнат прво меѓу двајцата министри, а потоа начелната согласност беше дадена и од страна на двата премиери и тоа е пакет, кој не може да се дроби на парчиња, рече Шеќеринска.

Според нас, додаде таа, ова беше добар чекор напред и добра основа на решение кое што требаше да се преточи во договор подготвен и од страна на медијаторот Метју Нимиц.

– Очекуваме дека овие контакти ќе продолжат и дека средбата ќе се случи оваа недела. Меѓутоа, работиме на решение кое што ќе одговара на интересите на двете држави и на Македонија и на Грција, нагласи Шеќеринска.

Таа не очекува териториторијални претензии од Бугарија по последниот предлог за името.

– Македонија е единствената држава во Западен Балкан којашто го затвори целосно прашањето на своите граници и тоа не е случајно. Таа политика ја водеа сите досегашни влади со цел да стават точка на сите стравувања за претензии. Границите на нашата држава се познати, територијални претензии ниту ние имаме кон соседите, ниту гледаме територијални претенциии кон Македонија. Сакаме со сите наши соседи да развиваме партнерство и пријателство и тоа го правиме, потенцира Шекеринска.(МИА)

Tags: изјаваИлинденска МакедонијаРадмила Шекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ