• Latest

САД ја повикаа Русија на одговорност за соборувањето на малезискиот патнички авион во 2014 година

May 26, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД ја повикаа Русија на одговорност за соборувањето на малезискиот патнички авион во 2014 година

May 26, 2018 10:34
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД даваат цврста поддршка за одлуката на Холандија и Австралија да побараат одговорност од Русија за соборувањето на малезискиот патнички авион во јули 2014 година, кога загинаа 298 лица од повеќе земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Американскиот Стејт департмент во изјава дадена синоќа од портпаролката Хедер Нојерт, порача дека „дојде време Русија да ја признае својата улога во уривањето на летот МХ17 и да престане со својата бездушна кампања на дезинформации“ во врска со овој трагичен настан.

Изјавата на САД дојде откако во четвртокот попладне властите на Холандија и Австралија официјално ја обвинија Русија за соборувањето на патничкиот авион. Двете земји засега само ја повикуваат Русија, како директно одговорна за трагедијата, да започне разговори за инцидентот и се воздржуваат од тоа случајот да биде даден на меѓународен суд.

– Добиените податоци од работата на заедничкиот истражен тим јасно укажуваат дека транспортер со ракетен систем Бук употребен во соборувањето на авионот и во сопственост на Руската Федерација бил доделен на 53-та противвоздушна бригада стационирана во близина на Курск, се вели во изјавата.

Понатаму стои дека системот од Русија со конвој бил пренесен на суверена украинска територија.

– Лансирањето на ракетата било изведено од територија во источна Украина контролирана од Русија и од воени сили предводени од Русија. Потоа постројката била вратена на руска територија, се вели во изјавата од Стејт департментот.

САД ја повикуваат Русија да ја почитува Резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ОН донесена едногласно на 21 јули 2014 година во која се изразува поддршка за целосна, продлабочена и независна меѓународна истрага за овој инцидент и во согласност со меѓународните документи за граѓанска авијација.

– Руската агресија во Украина, која започна во 2014 година, одзеде повеќе од 10 300 воени и цивилни животи, вклучувајќи ги и оние изгубени во трагедијата на летот МХ17. Дојде време Русија да стави крај на насилството, се вели во соопштението од американскиот Стејт департмент.

Слична поддршка, Русија да се повика на одговорност за соборувањето на авионот, дојде и од ЕУ, Велика Британија и НАТО. (МИА)

Tags: малезискиот авионодговорностРусијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ