• Latest

20 години Народен правобранител

May 30, 2018

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

20 години Народен правобранител

May 30, 2018 07:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод јубилејот 20 години Народен правобранител, во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи панел дискусија на тема „Институцијата Народен правобранител во Република Македонија: почетоци, развој и предизвици“.

Панел дискусијата, како што е најавено, ќе ја отворат претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, народниот правобранител Иџет Мемети, претседателот на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот и омбудсман на Република Албанија, Еринда Баланца, а преку видео обраќање честитки за јубилејот ќе испрати Европскиот омбудсман Емили О’ Рајли. Од името на Комесарот за човекови права на Советот на Европа ќе се обрати Бојана Урумова.

На панел дискусијата ќе учествуваат народниот правобранител Мемети, поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски, претседателот на Европската мрежа на национални институции за човекови права (ЕННХРИ) Лора Видовиќ-Омбудсман на Република Хрватска, Омбудсманот на Босна и Херцеговина Јасминка Џумхур, како и поранешниот омбудсман на Република Албанија Ермир Добјани.

Во рамки на десеттиот јубилеен состанок на Асоцијацијата на Омбудсманите на Медитеранот (АОМ), денеска и утре исто така во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Народниот правобранител како заштитник на социјалните, културните и еколошките права“, на која ќе учествуваат омбудсманите и претставници на омбудсман институциите од земјите членки на Асоцијацијата.

Првиот ден од конференцијата, која ќе почне во 14:00 часот во х. Холидеј ин, ќе биде посветена на „Улогата на народниот правобранител во заштита на социјалните права на ранливите категории на граѓани и на „Улогата на народниот правобранител во заштита на културните права“.

На вториот ден од конференцијата ќе се дискутира на темата „Улогата на народниот правобранител како заштитник на правата од животната средина“, а планирано е и усвојување на Декларација на Асоцијацијата.

(МИА)

Tags: 20 години народен правобранителЛУБИЛЕЈ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ