• Latest

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство

June 8, 2018

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство

June 8, 2018 13:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потреба за менување одредени законски решенија, поедноставување на процедурите за впишување во матичната книга на родените, меѓуинституционална соработка, и поефикасна работа на терен за откривање и решавање на статусот на лица кои се без лични документи и државјанство, констатираа дел од учениците на денешната дебата на која беше презентирана и „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството”.

Професорот Борче Давитковски, кој е нејзин автор, истакна дека за решавање на овој проблем се потребни законски измени, попис на сите лица кои се без државјанство, но и во ризик од бездржавјанство, посебна постапка за утврдување статус на бездржавјаноство, како и обуки за подигнување на свеста кај населението што е во ризик од бездржавјанство.

– Овие лица треба да добијат правен статус на граѓани. Тие сега се аморфна маса, кои не постојат, безимени се. Немаат лични документи. Има лица кои имаат идентитет, но, немаат државјанство, но и лица кои немаат коту идентитет, ниту државјанство. Треба да се направат напори овие лица да станат граѓани и да можат да ги користат сите права, рече Давитковски.

Претставникот на УНХЦР во Македонија Дејан Кладарин смета дека проблемот со апатридите е решлив и оти за тоа е потребен системски пристап. Потребни се законски измени, олеснување на административните процедури кои ќе овозжожат во блиска иднина да се реши проблемот.

Напоредно со тоа, додаде Кладарин, треба да се работи и на терен во соработка со невладиниот сектор за тие лица да се идентификуваат и да им се помогне да го решат својот статус.

Претсвникот на ОБСЕ во Македонија Џеф Голдстајн истакна дека ова е повеќегенерациски проблем, бидејќи, како што рече, лицето кое нема документи не може да ги запише, ниту своето дете иако е родено во земјата. Осовбено важна, според него, е работата на терен.

– Сметаме дека е многу важно Владата да има соработка со НВО од заедниците во кои има многу нерегистрирани луѓе, бидејќи ако не знаат како можат да се регистрираат, не може да се реши проблемот иако  има супер закони, рече Голдстајн.

Јована Тренчевска, државен секретар во МТСП, истакна дека поседувањето на лични докумети е клучно за да може едно лице да ги оствари своите права, во постапки пред надлежни инстутуции, центри за социјални работи, здравствените институции, агенциите за вработување, образовни институции, но и за да ги остварат основните  човекови права.

Затоа, според неа, потребно е решавање на овој проблем, за што се заложила и Владата.

Информира дека досега се идентификувани околу 600 лица за кои се вршела проверка во базата за матичен број на граѓанинот, како и матичните книги на родените. Притоа, било утврдено дека дел од нив веќе се евидентирани во матичните книги, но немаат изводи, некои се родени во болница, но не им е определено лично име, а дел во домашни услови, но никогаш не било пријавено нивното раѓање.

Според неа, потребна е измена на законите за вонпарнична постапка, и за матична евиденција во насока на отворање посебен регистар за лица кои немаат упис на граѓанње и посебен регистерски број од времен карактер до упис во книгата на родени.

Презентацијата на анализата беше во организација на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Претставништвото на УНХЦР во Скопје.

(МИА)

Tags: Борче ДавитковскиДржавјанствоМакедонијаОБСЕУНХЦР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ