• Latest

Коцевска: Театарот е чудо кое опстојува

June 9, 2018

24 ЧАСА: Јовановиќ „потврди“ – Македонија е на четврто место во Европа, ама одзади; Ден на сеќавање на украинските деца; Геноцидот продолжува – затворени центрите за помош во Газа

June 4, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Од сојузници до непријатели: Арсовска и Мицкоски во жесток судир пред избори

June 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за една изборна единица?

June 4, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го нарече даночниот закон на Трамп „одвратна гнасотија“

June 4, 2025

Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

June 4, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Украина е поканета на Самитот на НАТО, но нема формално ветување за влез во Алијансата

June 4, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Европската Унија додели 50 милиони евра за вработување на млади во Албанија

June 4, 2025

„Европски фронт“ поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Костадиновски, поради прекршување на Законот за употреба на јазиците

June 4, 2025
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Коцевска: Театарот е чудо кое опстојува

June 9, 2018 11:41
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Театарот е чудо кое опстојува, а МТФ „Војдан Чернодрински“ е празник на театарската уметност. Ова го истакнува Катарина Коцевска новиот селектор и уметнички директор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој по 53-ти пат, од 8 до 15 јуни се одржува во Прилеп. Со Коцевска разговараме за фестивалската понуда, за публиката која има над половина век „стаж“ и знае да гледа и да оцени претстави и за ликот на Фестивалот кој ја одразува продукцијата на македонските професионални театри меѓу двата фестивала.

Коцевска, првпат сте во улога на селектор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и одговорна за фестивалскиот репертоар. Во официјалната конкуренција се 12 претстави на македонските театарски куќи и уште пет во придружниот дел. Каков предизвик беше да се избере „најдоброто“ на театрите?

– Цел живот гледам претстави, тоа е дел од мојот живот, а еве сега првпат сум во официјална улога како селектор на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Никогаш не е проблем, туку е особено задоволство да се гледаат претставите, секогаш и секаде, па и во странство на другите фестивали, да се ужива во уметноста. Овој пат, беше само понапорно. Не ги гледав само како класичен гледач и колега, туку и како селектор. На оваа функција дојдов пред неколку месеци и се мораше да биде побрзо направено, зашто фестивал се прави веднаш наредниот ден, откако ќе заврши претходното фестивалско издание. Во еден месец гледав речиси 20 претстави, или преку 30 во два-три месеца. Се одлучив за претстави кои мислам дека се најдобри во моментов во македонските театри. Тврдам дека театарот е во врвот како производ што ние можеме да го понудиме во нашата држава. Особено што, речиси не се случило македонска претстава да се врати од меѓународните фестивали без награди. Продукцијата е различна. Има интересни, добри претстави, во тоа ќе има можност да  посведочи и публиката.

Имаме ли подмладување на актерскиот потенцијал во македонските театри?

– Не само сега, секогаш има нови генерации. Најдоброто е кога се чувствува тој „микс“ на повозрасните, поискусни генерации со младите актери кои добиваат школа од која треба да се учи. Тоа е убавото. Би било страшно ако ги нема новите генерации кои, пак, носат нова енергија, ново знаење на сцената.

Осумте фестивалски дена (до петок 15 јуни) донесуваат обемна програма. Барем по две претстави во официјалната конкуренција за наградите, а вкупно се 12, и уште една во придружниот дел, претстава околу полноќ, која, пак, го привлекува вниманието на младите. Речиси не може да се најде билет за претставите. Се е распродадено. Кај публиката, се чини, не смалува интересот а театарската уметност и по 53 години?

– Тоа е восхитувачки и го потврдува фактот дека публиката безрезервно го сака театарот. И, би рекла, го познава. А прилепската публика, тоа искрено го мислам, е една од ретките која е театарски едуцирана и знае да го препознае квалитетот на претставите. И не случајно, една од причините за опстојување на Фестивалот повеќе од половина век, е токму публиката. Тоа е фантастично. Оваа публика го сака театарот и знае да ги гледа претставите. Тоа го знам и како актер кој излегол пред прилепската публика.

Треба ли Фестивалот да донесе нешто ново или, пак, некое програмско искуство кое, се осведочило, се бара како квалитет. На пример, и публиката, и актерите постојано прашуваат – ќе се вратат ли на фестивалската програма оние познати „тркалезни маси на критиката“ на кои се дебатираше за одгледаните претстави?

– Јас сум нова во организациската поставеност на Фестивалот. Откако дојдов како селектор и уметнички директор на Фестивалот пред неколку месеци немав доволно време да седнам за да се дојде до одговор на прашањето: Што му треба( и дали му треба) на Фестивалот нешто за подобар квалитет? Треба допрва да ги видам добрите страни и недостатоците (ако ги има). Што се однесува до „тркалезните маси на критиката“, треба добро да се размисли. Постоеше размислување. Не сакам да се воведат колку за да ги има. Сигурно дека има луѓе кои ќе ги водат тие разговори, но не знам дали се во доволен број. Затоа, на Фестивалот направивме една трибина, (на фестивалската програма е в понеделник на 11 јуни) со наслов „Театарската критика денес“. Тогаш ќе се разговара ја има или ја нема критиката, и дали е во мала мера во моментов во македонскиот театар. А на фестивалот (во вторник 12 јуни) има уште една трибина насловена: „Местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија“.

Прашањето е колку се употребуваат драматурзите, а во театрите има еден до двајца, а некаде и четворица вработени драматурзи, и колку тие вистински се употребени за правење на една претстава. Нивната улога, сметам, е голема. За се треба време и добро да се осмисли. Не сум, децидно, против трклаезните маси на критиката, но да се осмислат и да се види нивниот ефект. Лично мислам дека тие треба да се прават веднаш по претставата, знаејќи ги искуствата од многу други фестивли на кои сум била. Некаде ги има, некаде не. Но, на фестивалот секоја вечер, едно по друго, имаме по две претстави во официјалната конкуренција. Во секој случај, треба добро да се размисли.

И со „модерните времиња“ или, условно речено, и покрај „зависноста“ од технологијата, театарот опстојува?

– Театарот е едно чудо кое со векови опстојува. Покрај сите нови техники, покрај тоа што сите се затворивме, врзани сме за телефоните и компјутерите, луѓето ретко одат на кино, но, театарот опстојува. Не само кај нас, туку секаде во светот. Тој е жива материја. Публиката секогаш сака во живо да види некоја порака, приказна, да се насмее и да плаче, а тоа да не му е забрането.  Да биде „воајер“ кој следи нешто на сцената.Таа возвратна енергија која постои помеѓу луѓето на сцената и публиката, е нешто неопходно. Тоа е чудото на театарот. Театарот се менува, но интересот кај публиката останува. А за мене основното е – актерот. Претстава не може без актер, а на крајот најглавниот чинител е – публиката, за која тоа што е на сцена и го правиме.

Самиот чин на отворањето на Фестивалот е традиционален – доделувањето на наградите за животно дело, прогласувањето на Фестивалот за отворен и првата претстава во официјалната конкуренција за награди. На 53. МТФ „Војдан Чернодрински“ лауреатите на наградата за животно дело се: актерот Петар Арсовски и композиторот Љупчо Константинов. А првата претстава во конкуренцијата за наградите е „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар.

-Собранието на фестивалот беше едногласно за доделувањето на годинашниве награди за животно дело. Не треба посебно објаснување Актерот Арсовски и композиторот Константинов зад себе имаат богато, успешно и, би рекла светско признато искуство. Актерот Арсовски годинава одбележува 50 години на сцената. Иако сега е пензионер, за актерот нема таква граница. Исто и за композиторот. Се одржува уште едно фестивалско издание и секако, ќе биде уживање во театарската уметност. Тоа ќе биде осумдневен празник на тетараската уметност!

Елизабета Митреска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Војдан Чернодрински“Катарина КоцевскаМакедонскиот театарски фестивалселектор и уметнички директор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ