• Latest

Адеми: Се подготвува национална стратегија за дијаспората

July 13, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: Се подготвува национална стратегија за дијаспората

July 13, 2018 10:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Националната стратегија за соработка со дијаспората 2018-2023 е при крај и се очекува да се донесе до крајот на летото. Тоа е прв стратешки документ што една Влада во овие 27 години го работи во делот на дијаспората. Ова го истакнува министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во интервју за МИА.  

– Националната стратегија има четири клучни столбови. Првиот е политичко-административниот дел каде се регулира правото на гласање на дијаспората, забрзување на документацијата, создавање побрз и пофункционален систем за да не се чекаат документи со месеци. Вториот столб е економскиот и инвестициски аспект. Законот за финансиска поддршка на инвестициите иако беше предвиден во Националната стратегијата, веќе е донесен. Во овој дел е и соработка меѓу бизнисите и промоција во туризмот, вели Адеми.

Третиот столб е за образование, наука и млади. Појаснува дека во овој дел има доста активности за изучување на мајчиниот јазик, за зголемување на бројот на наставници кои ќе бидат испратени или веќе живеат и работат во некоја од земјите кои може државата да ги искористи и ангажира во учење на мајчин јазик на децата на дијаспората, кои се по потекло од Македонија.

– Во рамки на тој столб се размислува за отворање еден истражувачки центар за прашања и политики од интерес на дијаспората во рамки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Четвртиот столб е за култура и за промоција на културните вредности во Република Македонија, да се промовира културната различност, нагласува Адеми.

Министерот Адеми во интервјуто додава дека тие се носители во изработката на Националната стратегија,  а се вклучени претставници на сите оние министерства кои имаат надлежности со дијаспората, како министерствата за финансии, за надворешни работи, за внатрешни, за труд и социјална политика, за образование и наука, за култура, за здравство, Агенцијата за иселеништво, експерти од Македонија, универзитетски професори… Вклучени се поголеми организации од дијаспората како Обединетата македонска диајспора-ОМД, Форумот за демократска Македонија, Сојузот на македонски здруженија од Шведска кои испратиле свои ставови и идеи. Националната стратегија се изработува со стручна поддршка на Меѓународната организација за миграции-ИОМ.

Во интервјуто Адеми истакнува дека Македонија е една од ретките земји во регионот, можеби и единствена, која нема закон за дијаспора. Според него, потребен е таков закон и во иднина, без разлика кој и да е на власт, доколку не успее идејата да се формира министерство за дијаспора, важно е да имаме барем министер за дијаспора. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаЕдмонд АдемиУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result