• Latest

„Не летај, летувај“ заедничка кампања на МВР и РСБСП за намалување на сообраќајните незгоди

July 19, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Не летај, летувај“ заедничка кампања на МВР и РСБСП за намалување на сообраќајните незгоди

July 19, 2018 11:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Едукација и подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив е целта на едукативната кампања „Не летај, летувај“, што ќе се реализира во следните два месеци од страна на Министерството за внатрешни работи и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

– Деновите наменети за летен одмор, во Македонија и во светски рамки се познати како најфатални денови на патиштата кога бројот на сообраќајни незгоди со фатални последици драстично се зголемува. Како одговор на оваа загрижувачка појава и на црната статистика, светските организации секоја година ја реализираат кампањата „100 Deadliest Days of Summer“, велат од РСБСП.

Според статистиката во текот на месеците јули и август, во Македонија, минатата година се случиле 39 сообраќајни незгоди во кои загинале вкупно 47 лица, а во 826 сообраќајни незгоди потешко се повредени вкупно 1.333 лица.

– Тоа е причина и мотив, токму во овој период, возачите и сите останати учесници во сообраќајот дополнително да се едуцираат за правилата и прописите, односно за начинот безбедно и одговорно да стигнат до посакуваната дестинација, се наведува во соопштението од РСБСП.

Кампањата ќе се реализира во текот на месеците јули и август и овој период РСБСП и МВР со координирани акции ќе бидат често присутни во јавноста и на терен. Едукативните активности и едукативните материјали ќе бидат изготвени на македонски и англиски јазик и покрај домашните возачи ќе бидат опфатени и туристите, како и возачите кои транзитираат низ Македонија.

– Наша цел како Министерство за внатрешни работи не е само репресија, туку и превентивно дејствување преку едукација и подигање на свеста и во таа насока заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во наредниот период ќе реализираме повеќе едукативни акции за одговорно учество во сообраќајот, потенцираат од МВР.

Ова лето ќе се реализираат бројни сообраќајно-едукативни активности, односно ќе биде организирана акција за дистрибуција на едукативни материјали на влезните гранични премини во Република Македонија, ќе биде поставено скршено возило од сообраќајни незгоди на јавни места  со пораки за потсетување на последиците од сообраќајните незгоди, ќе бидат организирани мобилни пунктови за делење вода и едукативни материјали долж коридорот 8 и 10, ќе бидат организирани едукативни акции по угостителски објекти и многу други активности со цел подигање на свеста за побезбеден сообраќај.

– Летото е време за одмор и релаксација, но за жал статистиката потврдува дека летниот период многу семејства остануваат без своите најблиски, односно многу животи се загубени на патиштата поради грешки или поради неодговорно учество во сообраќајот. Пораката на РСБСП до возачите е „Ова лето, не летај – летувај!“, се наведува во соопштението.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на високите температури и на техничката исправност на возилото, да возат одморени и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. (МИА)

Tags: кампањаМВРРСБСПсообраќајни несреќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ