• Latest

Антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес

July 25, 2018
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот од Firstpost

Нагасаки одбележува 80 година од атомскиот напад

August 9, 2025
Фотографија: Википедиа

Администрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот Калифорнија за враќање на федералното финансирање

August 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски за средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата територија на окупатори

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес

July 25, 2018 11:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда.

Делото го приредија новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и универзитетскиот професор, литературен теоретичар и критичар, писател и поет Васил Тоциновски.

Антологијата, која е плод на речиси двегодишна континуирана истражувачка работа, содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за она што го снајде Скопје на 26 јули 1963 година и надежта дека градот повторно како феникс ќе се крене од пепелта и урнатините.

Со свои песни се застапени автори од сите генерации македонски поети, почнувајќи од највидните претставници на македонската поетска реч: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Лазо Каровски, Љупчо Стојменски, Томе Арсовски, Евгенија Шуплинова, Бистрица Миркуловска, Цане Андреевски, Иван Чаповски, Влада Урошевиќ, Драгица Најческа, Славка Арсова… Застапена е и најновата генерација македонски поети, а некои од нив своите песни ги напишаа специјално за оваа антологија.

Од поетите од странство, меѓу другите, со свои песни се застапени: Јеврем Брковиќ, Јуре Каштелан, Славко Михалиќ, Кристине Буста, Иван В. Лалиќ, Јон Хореа, Елио Филипо Акрока, Луси Албертини, Алберто Баеса Флорес и др.

Во антологијатаза првпат на македонски јазик интегрално се објавува и збирката „Урнатини“ на познатиот хрватски и македонски филозоф и еден од втемелувачите на катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и поет Павао Вук-Павловиќ. Нему скопскиот земјотрес му беше главен мотив на својот мајчин хрватски јазик да ги напише антологиските 33 скопски сонети кои во 1964 година беа вкоричени под наслов „Развалине“, а кои пет децении подоцна беа препеани на македонски од универзитетскиот професор Кирил Темков.

Во прилогот насловен „Скопскиот земјотрес и музиката“ првпат на едно место се собрани текстовите на песните што за скопската катаклизма и за Скопје ги испеаја легендите на македонската народна музика Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски и сестрите Мавровски.

Промотори на антологијата „Ден судбоносен-26 јули 1963“ се директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова – Грујовска и универзитетскиот професор и писател Александар Прокопиев. Покровител на изданието и на промоцијата е градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антологија на песниДом на култура Димитар ВлаховземјотресСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ