• Latest

„Го сакам Водно“ бара средби со одговорните за изградбата на гасоводот

August 30, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Го сакам Водно“ бара средби со одговорните за изградбата на гасоводот

August 30, 2018 11:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската организација „Го сакам Водно“ бара дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на која, како што велат, јавно ќе ги изнесат нивните агрументи за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно.

– Бараме ревизија на проектот, постапување на институциите по доставените претставки, нивна меѓусебна соработка, а не изземање од надлежности и неделување, како и одговорност и казнивост за сите пропусти и прекршени законски обврски, порачуваат од „Го сакам Водно“.

Нагласуваат дека, според нив, вчера на диво продолжија градежните активности за изградба на гасоводот преку Водно и оти се работи без почитување на цела листа на прописи и законски обврски. Како дел од пропустите ги истакнуваат немањето ознаки, обележан заштитен појас околу градежните работи, знак за предупредување дека работи тешка машинерија, документација на терен, адекватна униформа и заштитна облека за работниците, мобилни тоалети, ознаки на возилата, соодветен надзор, постојано присуство на противпожарно возило,…

– Се работи на изменета траса, не на проектираната траса и за степенот на измена треба да се утврди дали е во законските рамки на постоечкото одобрение за градење, кое пак самото содржи низа нерегуларности. За сите пропусти, поднесени се претставки до Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Инспекторат на Град Скопје и до МЖСПП. Но, без резултат, велат од Го сакам Водно.

Сето тоа, како што посочуваат, е причината и одговор на прашањето зошто ја попречуваат изградбата на гасоводот со жив ѕид.

– За заканите по живот и наредбата да се гази се пред себе, очекуваме отстранување на тоа лице од понатамошна работа на овој проект, покренување на дисциплинска постапка и транспарентно објавување на целиот процес, да не остане само на декларативно искажани зборови, без преземени акции, потенцираат од Го сакам Водно. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гасоводГо сакам ВодноГрадоначалникМЕРПетре ШилеговСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result